СОЛТЕР ЗА ФАКТОР: Е-трговијата во некои компании зголемена за неверојатни 600%
Објавено во: Економија 20 Мај, 2020
Пандемијата на коронавирусот покажа колкаво е значењето на науката, едукацијата и иновациите за да може да го направат животот на луѓето
поквалитетен, вели во интервјуто за Фактор, Михаил Солтер, директор на една од
најголемите тутунски компании во Светот. Според него производството во услови
кога светот се затвори бил вистински предизвик.
-Немаше застој што е многу важно за секоја компанија која припаѓа на FMCG индустријата. Во вакви кризи, компаниите кои сакаат да опстанат треба да ги согледуваат можностите. Токму неодамна читав едно истражување на Stackline каде електронската трговија во некои индустрии е зголемена за неверојатни 600%. Како што спомнав, ова подразбира неверојатна брзина на прилагодување, дигитализација на сите процеси и храбро впуштање во иновации. Брзината на прилагодување на новата ситуација е клучот за зголемување на лојалноста на потрошувачите и зајакнување на имиџот и брендот на компаниите, потенцира Солтер во интервјуто за Фактор.