03 Мај, 2024
0.0253

СОПРУГАТА НА КОБИ СО ЕМОТИВНА ОБЈАВА: Беа две преубави души, посакувам...

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Уште е непребол, уште е неверување. Светот жали за легендата Коби Брајант кој за жал трагично го загуби животот во хелихоптерската несреќа во неделата. За жал починаа и негвата ќерка Џиана и уште седуммина меѓу кои и уште две деца.Семејствата на загинатите се уништени, а сопругата на Брајант, Ванеса оттогаш не смогна сили да напише ништо. Се до денеска кога напиша неколку тешки реченици на Инстаграм. Емотивната порака предизвика дополнителна жал. 

– Јас и моите ќерки се заблагодаруваме на милионите луѓе кои покажаа поддршка и љубов за време на овој ужасен период. Ви благодарам за сите молитви, дефинитивно ни требаат. Ние сме целосно скршени за ненадејната загуба на прекрасниот сопруг Коби, неверојатниот татко на нашите деца, и мојата убава, слатка, Џиана,  прекрасна внимателна ќерка, неверојатна сестра на Наталија, Бјанка и Капри.

Тажни сме и за семејствата кои ги загубија саканите во неделата и сочувствуваме со нивната тага.

Нема зборови да се опише нашата болка во моментов. Се радувам затоа што знам дека Коби и Џиџи се длабоко сакани од сите. Бевме благословени што ги имавме во нашите животи, посакував тие да се овде засекогаш. Беа  две преубави души кои се одземени од нас прерано.


Не знам што носи животот после ова што се случи, невозможно е да се замисли животот без нив. Но, се будиме секој ден обидувајќи се да продолжиме понатака затоа што Коби и нашето девојче Џиџи за нас се светлина која ни го осветлуваа патот. Нашата љубов за нас е бескрајна и тоа не е мерливо. Само посакувам да можев да ги прегрнам, бакнам и да ги благословам. Да ги имам овде со нас, засекогаш, пишува Ванеса

Таа има 37 години, а со Коби имаа четири деца. По неговатА и смртта на Џиана, Ванеса ги има Наталија, Бјанка и Капри.

Ванеса се заблагодарува за поддршката и бара почит и приватност за да се навикнат на новата реалност.

Во чест на „Тим Мамба“ семејството Мамба спортската фондација отвори сметка за помош на другите семејства затекнати од оваа трагедија.


Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место