05 Мај, 2024
0.0239

СОСТОЈБА ОД ПЕТОКОТ: Кој е македонскиот град каде немаше ниту едно слободно работно место?

Објавено во: Економија 27 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Ниту едно слободно работно место минатата недела немаше во Крушево. Ова во петокот можеше да се види од податоците објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување.

Крушевчани објаснуваат дека со години е така, и дека младите немаат многу избор, затоа што работа нема. Поради лошата економска ситуација се принудени да се иселуваат.  Слична судбина имаат и другите мали градови во земјава. Околностите ни малку не се поволни за младите.

„Младите бегаат или во соседните градови, или во странство. Заминуваат за Скопје, Прилеп, Битола, а од странските земји најчесто одат во Германија. Гратчето е многу убаво, но нема работа за младите. Овде единствено ако почнат нешто приватно да си работат или со туризам. Во Крушево се останати претежно постари луѓе“, вели Даниела Јанеска, жителка на Крушево.

Луѓето се разочарани затоа што оваа година на туристички план е многу лоша поради пандемијата.

„За младите перспектива нема, и тоа е така одамна. Оваа година и од туризмот нема ништо, иако претходно успевавме нешто да заработиме од оваа гранка. Младите заминуваат во Прилеп и во Битола. Некои се преселиле таму, или пак живеат под кирија. Работат во фабрики, конфекции,  бутици, продавници. Доколку има организиран превоз во соседните градови, тогаш може да се патува, но ако нема, со редовен превоз е претешко. Во Крушево може да се најде сезонска работа, но не и постојана, стабилна работа. Ако не се преземат некои мерки, во Крушево ќе останат само стари луѓе. Има луѓе кои заминаа за Словенија, но и други кои чекаат да се отворат границите, и да заминат“, раскажува повозрасна жителка на градот.

Сотир Габелоски, администратор на групата Викенд во Крушево и вработен во општината пооптимистично гледа на работите. Вели дека е отворена фабрика за производство на масло од канабис, ќе се отвори уште една, а тутунскиот комбинат ќе ги прошири капацитетите со што ќе има можност за вработувања. Додава дека и тие како локална самоуправа преку низа проекти се трудат да генерираат нови работни места.

Многу луѓе иднината на Крушево ја гледаат во туризмот. Се зголемува и бројот на регистрирани сместувачки капацитети во градот“, вели Габелоски.

Во текот на викендот на веб страницата на Агенцијата се вработување, состојбата се промени и за Крушево е евидентирано едно слободно работно место. 

Во Крушево се регистрирани 1.018 невработени. Од нив 481 жена и 537 мажи.

Од друга страна, во Скопје, Струмица, Тетово, Охрид и Куманово има најмногу слободни работни места.

Најчесто се бараат работници за во трговија, градежништво, преработувачка индустрија.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?