04 Мај, 2024
0.0266

Сотировски: Бројот на православни може да биде коригиран само со нов попис

Објавено во: Македонија 25 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски во денешното интервју за МИА вели дека намалениот број на православни верници во Македонија на последниот попис, покрај лошата поставеност на графите, се должи на бојкотот од страна на граѓани. Според него, процентот може да се коригира само со нов попис.

– Јас го соопштив мојот став, запрашан од медиумите во тие неколку денови на поинтензивни реакции на јавноста. Јас имам целосно разбирање за ваквите реакции, и во делот на изјаснувањето за религија реакциите кои беа присутни во јавноста се целосно оправдани.

Резултатите кои што се производ на пописот на населението во делот на религиската определеност на самите граѓани не ја одразуваат вистинската фактичка состојба која ја имаме на теренот.

Тоа е условено од неколку фактори. Првиот фактор е онаа бројка на административно попишани лица за кои што не се водат податоци за нивната религиска определба, другиот фактор е процентот на изјаснети како христијани што е религиска определеност, а не вероисповед, па и тоа прави свој придонес во целосно несовпаѓање со вистинската состојба на теренот. Третиот, но не помалку важен фактор е апстиненцијата на голем дел од граѓаните и повикувањето да се бојкотира пописот на населението, што исто така може мултиперспективно да се анализира, но и тоа доведе до ова да имаме резултати кои не соодвествуваат на реалната состојба и тоа е факт.

Ценам дека реално на теренот, согласно сите податоци кои ги имаме, не дошло до значително поместување на религиската процентуална застапеност на различни граѓани, но ваквите резултати ни даваат една поразлична слика која што ценам дека ќе може да се коригира само при нов попис, затоа што не гледам начин како сето тоа би го коригирале, посебно не ние кои сме исправени пред еден резултат на кој што не можеме да делуваме, вели Сотировски на едно од прашањата.

Тој додава дека има позитивни сигнали во изминатиот период во очекувањето да биде признаена автокефалијата на МПЦ-ОА.

– Дека има позитивни придвижувања тоа е евидентно и за тоа сведочат голем број од информациите кои што се пласирани во јавноста, но и оние кои како позитивни сигнали доаѓаат и во последниот период.

Многу ме радува и би сакал да ја споделам таа радост што последниве неколку дена во оваа последна недела пред најголемиот христијански празник Велигден, МПЦ после 26 години го врши процесот на осветување на свето миро, што е исто така еден од оние атрибути на автокефалните помесни православни цркви, смета меѓудругото Сотировски.


Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“