05 Мај, 2024
0.0245

СОВЕТИ ЗА ВОЗАЧИ: 10 трикови за штедење на гориво

Објавено во: Економија, Стил 06 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите на гориво. Иако само по себе немаат голем ефект, кога ќе ги направите сите заедно, може да ја намалите потрошувачката на гориво, а со тоа и ќе заштедите.

1.Успорете

Ова е една од најбитните совети во возењето. Со зголемување на брзината, потрошувачката се зголемува многу бргу (експоненцијално). Само со намалување на брзината за околу 10% на автопат, на пример наместо 125 км/ч, возете 110 км/ч и ќе се постигне значајна заштеда на подолг рок, а времето на возење нема битно да се продолжи, имајќи ги во предвид малите растојанија во Република Македонија.

 2.Проверете го притисокот во гумите

Доколку притисокот е под оптималниот, тогаш доаѓа до зголемено триење на гумите со коловозот, проблеми во свиоци, зголемена потрошувачка. Поновите модели на автомобили имаа опција за доплата за сензор кој постојано го мери притисокот во гумите. Причините поради кои автомобилските гуми губат воздух се температурните промени, неисправни вентили, промени во атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот.

3. Проверете го филтерот за воздух

Нечист филтер за воздух негативно влијае врз протокот на воздух во моторот, а со тоа и на перформансите и економичноста. Па така, за да заштедите гориво почесто менувајте го нечистиот филтерот за воздух.

4 . Претпазливо со педалот за гас

Наглите стартови и агресивни забрзувања се погубни кон потрошувачката на гориво - но ова не мора да значи дека треба да возите бавно, туку постепено да забрзувате, да возите при пониски вртежи на моторот и да одржувате прописно растојание од возилата пред вас. Доколку забрзате до некоја брзина и треба нагло да закочите, тоа е залудно потрошено гориво.

5. Одржувајте постојана брзина

Доколку возите со постојана брзина се избегнуваат наглите кочења и притискања на педалот за гас, па со тоа се придонесува до заштеда на гориво. Треба многу повеќе гориво да се придвижи возилото, отколку да се оджува во движење.

6. Клима уред

Во летните периоди исклучете го клима-уредот во вашето возило и отворете ги прозорците. Можеби ладењето нема да биде толку ефикасно но така штедите гориво при мали брзини. При повисоки брзини пак, ладењето се клима-уредот е поефикасно во однос на економичноста, поради зголемениот отпор поради отворените прозорци или сончев покрив.

7 . Возете позади камион

 Дали сте забележале дека за време на сообраќајна гужва на автопат, патничките автомобили и теренци константно забрзуваат, па потоа успоруваат, додека камионите си возат на десната трака на автопатот со едно постојано темпо. И ова нивно константно темпо и минимална работа со менувачот придонесува за намалување на потрошувачката. Отпорот на воздухот е исто така намален доколку се вози позади големо возило, како што е камион или автобус.

8. Намалете го товарот во вашиот автомобил

Зголемената маса значи дека ќе треба и поголема силина за придвижување на возилото, што секако лошо влијае на потрошувачката на гориво. Затоа исфрлете ги непотребните работи од багажникот на вашето возило и возете со резервоар полн до половина.

9. Купувајте помали автомобили

Помалите автомобили се значително поекономични поради помалата маса и зафатнина на моторот, и во последно време се доста попространи, поудобни и со значителна зголемена безбедност при судири и со поголеми возила благодарени на напредните системи вградени во нив како што се зајакнатата каросерија, воздушните перничиња, анти-блокирачки систем за сопирање итн.

10. Не возете

Иако овој совет не е многу популарен, очигледно е дека ќе заштедите доколку не го користите својот автомобил. Пешачењето и возењето велосипед е добро за вашиот паричник, здравје и за животната околина. Пред да влезете во вашето возило запрашајте се : ,, Дали за таа дестинација навистина ми е потребен автомобил? "

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години