СПАСЕН ОД ЛИНЧ И СУДЕЊЕ: Мугабе си обезбеди имунитет
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2017
Претставник на владеачката партија на Зимбабве рекол дека кривичното гонење на досегашниот претседател Роберт Мугабе никогаш не било во план. Пратеникот Лавмор Матуке рекол дека партиските функционери го увериле Мугабе дека нема да биде обвинет.
Според негови зборови Мугабе е „безбеден, неговото семејство е безбедно, а неговиот статус на херој на земја е сигурен“.
„Само рековме „дај оставка или соочи се со импичмент“, наведува Матуке.
Мугабе и неговата жена Грејс и понатаму се во Харареу.
Новиот претседател Емерсон Мнангагва, чие отпуштање доведо до интервенција на војската, ќе положи заклетва утре.