Спасовски: Jас лично го осудувам отворањето на клубот во Охрид
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2022
Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со протестот во Охрид околу отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ изјави дека немало поголеми нереди.
Вели дека тој лично го осудува отворањето на клубот.
„Најсилно е правото на граѓанинот да го искаже тоа што го размислува. И јас лично осудувам отворање на таков клуб во Северна Македонија, посебно во Охрид. Зошто? Заради тоа што ние сме држава којашто е родена на придобивките од НОБ и тие придобивки ги чуваме и негуваме, а така ја чуваме и државата. Апсолутно јас и во идеолошка смисла сум следбеник на тие политики и сметам дека апсолутно не е прифатливо да биде промовиран начинот на однесување преку вакви ликови коишто биле дел од фашизмот“, посочува Спасовски во интервјуто за Макфакс.
По прашањето за односот со Бугарија, според него, станува збор за државнички прашања и за да може државата да гради иднина, како што рече, сите чинители во неа мора да имаат заедничка национална политика.