26 Април, 2024
0.0363

Специјалци ќе ги спасуваат палмите?!

Објавено во: Економија 29 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Специјален тим од инженери од Јавното претпријатие Паркови и зеленило денеска ќе ги прегледуваат засадените палми. Од претпријатието велат дека по неколку дена ќе излезат со точни податоци колку од палмите ја преживеале зимата а колку се исушиле. Во текот на зимата палмите се виткаа во специјални јутени прекривки и со најлонски фолии со цел да ги издржат минусните температури. Ако се суди по состојбата на терен, во Скопје голем дел од палмите се со исушени листови. Според информациите и дел од палмите кои се засадени во другите градови не не ги издржале минусните температури зимава, и листовите им се исушени. Ова го отвора прашањето дали македонските климатски услови им одговараат на палмите?

„Планинската суптропска клима и онаа која е присутна во пониските котлини во Македонија е сосема различна- кај нас летата се проследени со суви и топли воздушни струења и често долг период на суша што претставува ограничувачки еколошки фактор за алохтоните (странски, внесени, интродуцирани) палми. Тоа ги ослабува физиолошки и може целосно да ги исуши или трајно оштети. Дополнително, во текот на зимата, поради тоа што се засадени како дрворед (алејно дрвје) наместо онака како што природно успеваат- во поголеми или помали групи формирајќи шумички, ја немаат заштитата од матичниот насад односно стеблата не можат да се штитат од неповолните надворешни влијанија едни со други, потребно е да се заштитуваат на различни начини околу кореновиот систем и лисјата. Така, практично се менува микроклимата околу садницата и може да предизвика измрзнување- топла средина на садницата, а опкружена со студени воздушни струења од надворешната средина подолг временски период. Значи, доживува вегетациски шок поради импровизација на природните месторастежни услови“, вели доц.д-р Бојан Симовски од Катедрата за ботаника и дендрологија при Шумарскиот факултет.

Според агрометерологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеролошки работи, климатските услови се причина за тоа што голем дел од палмите се исушија.

„Почвените услови ги исклучувам оти ние имаме разноликост на почвени типови на кои би можеле палмите да успејат. Но проблемот настанува со климатските фактори.Тоа се тропски растенија и самото име кажува дека треба да бидат во тропските подрачја, сите тие бараат одредени температури. Кај нас ниту температурите во зима ниту во лето им одговараат. Ние годинава имавме прв пат една зима која беше вистинска зима. Ваквата зама со вакви температури кои морам да кажам и не беа толку екстремни оти во минатото сме имале и пониски температури, е причината поради која се исушија скоро сите палми засадени во земајва“, вели Ангелески.

Директорот на шуми, Жарко Караџоски, за телевизија 24 изјави дека вели дека нивна обврска била само да ги набават, а за одржувањето треба да се грижат општините.

 „Секако дека континуираните температури од минус 15 до минус 20 степени што беа зимоска се ризични, но преживувањето на пламите сепак зависи и од тоа како се одржувале  во текот на зимата. Дали и колку од нив се исушиле сеуште е рано да се каже, ќе се знае на почетокот на следниот месец, оти минатата зима имаше случаи на исушени плами, кои потоа повторно поникнаа“, вели Жарко Караџоски.

Речиси половина милион евра за набавка на 1.100 палми

Проектот на актуелната влада за садење на палми се спроведе преку ЈП Македонски шуми и Паркови и зеленило. Пред три години ЈП Македонски шуми набави 1.100 палми за што се потрошија скоро половина милион евра. Паркови и зеленило ја има обврската за садење и одржување. Освен во Скопје, палми се насадија и во Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Прилеп, Гевгелија. Дополнително, пари се издвојуваат и за одржување на палмите во живот, односно во текот на имата се виткаат со јутени вреќи или најлонски фолии, во текот на летото се прскаат со специјални прскалки. Па така, според неофицијалните проценки досега сумата потрошена за набавка и одржување достигнува речиси еден милион евра. Претходно првите 15 палми беа набавени пред околу пет години односно во склоп на проектот на Градот Скопје, Градска плажа на кејот на Вардар каде што и беа првично засадени. Проектот не заживеја, а палмите се дислоцираа на кејот кај Министерството за надворешни работи. Нивната набавак чинеше околу 15 илајди евра, но според некои проценки вклучително и со другите трошоци вредноста достигнала 25 илјади евра. Од друга страна садењето на палмите се спроведуваше во периодот кога масовно се сечеа автохтоните дрва. Дел од експертите велат дека Македонија изобилува со  различни декоративни дрва кои се и поевтини од егзотичните палми.  

„Нашата земја има одлични можности за внесување на декоративни видови од различни климатски подрачја, бидејќи има солидни услови за раст и развој на разновидна растителност. Но, Македонија, за среќа, изобилува со огромно богатство растителни видови, особено дрвенести растенија. Таа со Словенија се најбогатите подрачја за дендрофлора. Тоа значи дека имаме огромен избор на автохтони (домашни, природно застапени кај нас) декоративни видови кои се одлично прилагодени за овие подрачја и кои со мали трошоци за нивно одгледување може дополнително да ја разубават постојната урбана дендрофлора. Дотолку повеќе што дел од овие декоративни дрвја се исконски и историски поврзани со битисувањето на овие простори, како што се јоргованот (Syringa vulgaris), јаворите (Acer spp.), дабовите (Quercus spp.)- впрочем македонскиот даб е симбол и на институцијата Претседател на Република Македонија.Конечно, треба да се имаат предвид многу комплексни фактори, пред се’ од мислење од стручен аспект, средства со кои се располага и (неминовно) политичка волја“, вели универзитетскиот професор Симовски.

Агрометерологот Ангелески, смета дека се работи за промашена инвестиција. Посочува дека при реализиацијата на проектот никој од надлежните не ја консултирале агрометеролошката служба за да се добијат информации дали македонските климатски услови им одговараат на палмите.

„Мислам дека и граѓаните и експертската јавност ја оценија оваа инвестиција како промашена. Со оние дрва автохтони кои се искеоа, тука мислам на оние диви костени, јавори, брези и други дрва,  сите овие плами не продуцираа кислород ниту заедно колку што продуцираше еден див костен исечен  а стар 40 години. Целиот проект помина без никаква консултација на агрометеролошкото одделение при УХМР, никакво барање или допис нема стигнато до нас“, вели Ангелески.  

Беа најавувани како револуционерен проект, додека се сечеа дрвата карактеристични за македонското поднебје, палмите имаа специјален третман. Се правеа секакви напори,  кои значеа нов трошок на пари, за да преживеат палмите, во текот на летото беа туширани, а во текот на зимата облекувани и греени за да не измрзнат од ниските температури.На почетокот  на следниот месец ќе се знае колку од палмите ја преживеале зимата, дали исушените лисја ќе „позеленат“ .

Т.С   


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра