07 Мај, 2024
0.0268

“СПОР ЗА ИМЕ“: Кој и зошто од географски направи идентитетски проблем?

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Прво да се запознаеме, па да “танцуваме“. Првата официјална средба на ниво на шефови на дипломатии на Македонија и Грција  донесе оптимизам за деблокирање на процесот за преговори околу спорот за името  кој беше “под“мраз, но уште еднаш покажа дека Грците, иако притиснати од внатрешната економска криза, не се подготвени да ги отстапат од своите црвнеи линии. Како тогаш може да се очекува исчекор и покрај тоа што две страни покажаа взаемна поддршка? Експертите велат дека за почеток, добро е што Македонија ја менува стратегијата и влегува во офанзива.

Големи желби – oптимистички пораки ...

Позитивно е тоа што новата Влада, како проритет во надворешната политика го стави прашањето за спорот за името со Грција, и првите сигнали, по бриселските средби и состанкот во Атина најавуваат дека земјава ја менува стратегијата, од дефанзива преминува во офанзива, коментираат за “Фактор“ експерти по надворешна политика. 

“Најпрво би рекол дека средбите во Брисел според мене се многу значајни бидејќи беа еден голем исчекор да излеземе од состојба на зачауреност, односно тивка излолација во која бевме особено во последните две години. Новата Влада влезе и тргна во целиот овој процес со тактика сосема спротивна што ја гледавме во изминатиот период. Ние немав исчекор дури за работи дадени како домашна задача дадени за исполнување на условите на патот кон ЕУ“ – оценува Данчо Марковски претседател на Дипломатскиот клуб на Македонија.

Средбата меѓу шефот на македонската и на грчаката  дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕиас го привлече вниманието и на регионалните медиуми, кои остапија насловни страни за анализа и оценки по средбата во Атина.

“Грција и Македонија ги продолжија проблематични разговори во спорот за името, проблем кој е актуелен на односите на балканските соседи веќе 26 години“ -  пренесува агенцијата Франс прес.

По изнесените ставови на двете страна, дел од медиумите анализираат дека јужниот сосед, и покрај демонстрираната волја да ја подржат Мкаедонија, сепак Грците немаат намера да дозволат влез на земјава во НАТО без решение за името. 

„Грција инсистира на промена на името,  ветува поблиски врски со новата влада на Македонија, но инсистира на спорот за името,  деценискиот спор треба да се реши пред идното членство во НАТО и во Европската унија“ – наведува  ЕЈ БИ СИ Њуз.

Медиумите од Албанија анализираат со доза на оптмизам, но сепак, повикувајќи се на изјавата на министерот Коѕиас, посочуваат дека ако Македонија сака во НАТО и во ЕУ, ќе биде потребен нов договор со Грција.. 

Ќе има ли нов Договор за името ?

Грција нема да биде непријател на Македонија, ќе ја поддржи во напорите за влез во меѓународните организации, но прашањето за името мора да се реши, порача  министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас.  Искажувајќи надеж  дека е потребно да се најде заеднички прифатливо решение за името, Коѕиас за досегашната блокада во процесот, го впери прстот во поранешната власт.

“Знаеме дека нашиот сосед сака да биде членка на разни организации, но прво да се реши името, тоа мора да се затвори за да дојдеме до взаемно прифатлив компромис“Претходната влада не работеше на компромис и прашањето за името од географско го претвори во идентитетско. Се надевам дека ќе разговараме за името што ќе доведе до решение.“ – рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

Министерот за надворешни работи  Никола Димитров на првата официјална средба во грчкото Министерство за надворешни работи  посочи  дека  бара поддршка од грчката влада и грчката јавност за Македонија да може исправено да чекори по нејзиниот европски пат.

„Ја барам поддршката на грчката влада и грчката јавност, нас ни треба еден поттик исправено да зачекориме по патот на кој сакаме да одиме. Бевме неподвижни неколку години, немаме скриени агенди и сакаме да бидеме пријател со вашата земја. Ќе продолжам да давам аргументи и со зборови и со дела дека е во интерес на нашиот поголем и повлијателен јужен сосед ние да бидеме европска демократија што ќе влезе во НАТО и ќе ги почне преговорите за членство со ЕУ. Отворањето на патот може да придонесе за да се затвори и главното прашање“ – рече министерот Димитров.

По средбата во Атина, шефот на македонската дипломатија го покани неговиот колега да дојде во посета на Македонија во октомври. За прв пат, на пресконференција во Грција беше обезбеден превод на македонски јазик, а министерот Димитров, за време на изјавите Грција ја нарекуваше  „нашиот јужен сосед“.

Д.Д

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта