Според Беса Арифи без казни Законот за јазици не може да се примени
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2018
Универзитетската професорка Беса Арифи смета дека без казни законските решенија не може да се спроведат, а показател за тоа е фактот дека Законот за јазици од 2008 многу малку се применувал. Според неа државните службеници многу малку биле информирани дека постои еден ваков закон, го покажува нивото на имплементација на законот во пракса.
- Овој закон впрочем е донесен во 2008 година, а во пракса особено во одредени институции многу малку се спроведува, вели Арифи.
Арифи смета дека казните предвидени во Законот за употреба на јазиците се потребни за негова имплементација.
На конференцијата за „Законот за употреба на јазиците од 2008 година во државните институции“, таа заклучи дека претходните законски решенија, не биле имплементирани во пракса.