26 Април, 2024
0.5234

СПОРЕДБА СО ЕУ: Двојно позагадени со двојно помалку возила

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

На секои пет Македонци, вклучувајќи ги децата и пензионерите, се паѓа по еден автомобил, односно во земјава на секои 1.000 жители има 185 патнички автомобили, покажуваат податоците на Евростат и на Меѓународната организација на производители на автомобили (ОИЦА).

Овие бројки покажуваат дека Македонија е многу далеку од тоа да се нарече моторизирана нација и даваат сосема различна слика од она што секој ден го гледаме по улиците, а тоа е закочен сообраќај, недостиг од паркинг- места и големо аерозагадување од ауспусите на возилата. Ова значи дека нашите проблеми во патниот сообраќај не произлегуваат од бројот на возила, туку од нивната старосна и погонска структура и од густината и квалитетот на патната мрежа.

Македонија е многу далеку од просечната стапка на моторизација на Европската унија, а од земјите- кандидати за членство во регионот послаби од нас се само Албанија и Турција. Просекот на ниво на 28 земји- членки изнесува 573 автомобили на 1.000 жители, Апсолутниот рекорд го држи Малта со 775 автомобили на 1.000 жители, а по неа следи Луксембург со 745 на 1.000 жители. На трето место е Италија со 706 автомобили на 1.000 жители. На дното се Латвија со 391, Унгарија со 377 и Романија со 308 автомобили на 1.000 жители. Нашите соседи, Грција и Бугарија, кои се дел од Унијата, се блиску до европскиот просек. Сликовито кажано, секој втор Бугарин или Грк има автомобил. Поточно, стапката на моторизација во Бугарија изнесува 503 автомобили на 1.000 жители, а во Грција 566 автомобили.

Од седумте држави кои чекаат влез во ЕУ, најголема стапка на моторизација има Црна Гора со 283 возила на 1.000 жители, следува Србија со 258 возила. Во Босна и Херцеговина има по 217 возила, а на Косово 193 возила на 1.000 жители. Во Албанија и во Турција овие стапки се 140, односно 136 патнички автомобили на 1.000 жители.

Во земјава има 383 илјади патнички автомобили, но огромен дел од нив не исполнуваат ни минимални еко- норми за заштита на животната средина. Воглавно се возила со „еуро 3“ еко- стандард, а колку овие возила се далеку од највисокиот „евро 6“ стандард се гледа од следнава споредба. Нормата „еуро 3“ од јануари 2000 година ги ограничува азотните оксиди на 500 мг/км, како и на количината на ПМ честички чад на 50 мг/кг. Актуелната норма „еуро 6“ ги поместува овие граници многу понапред, на 80 мг/км за азотните оксиди и 4,5 мг/км за ПМ честичките чад.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра