СРБИТЕ НА РАБОТА КАЈ РОМАНЦИТЕ: Eве што се бара
Објавено во: Финансии 05 Ноември, 2017
Ако порано Романците работеа во Србија, сега е обратно, Србите работат во Романија за плата од 340 евра.
Дваесетина фирми бараат работници во Србија, а можно е работниците да се преселат во Темишвар, но доколку знаат неколку јазици.
Се бараат готвачи, заварувачи, ѕидари, бравари, столари, ветеринари, келнери, рецепционери, механичари и друга неквалификувана работна сила.
Се бараат и луѓе со високо образование, но во пограничните места во Србија нема голем избор на вакви кадри затоа што тие се заминати за Белград, Нови Сад или во странство.
Заради административни пречки, работниците работат сезонски или на „црно“.
„Од мај до октомври сум во овоштарник. Секој ден патував, а тоа се 24 км во еден правец. Условите се добри. Заработката е добра за наши услови, а мала за европските“- вели Јовица Кнежевиќ од Наково.
Србија секоја година ја напуштаат неколку десетици илјади луѓе.