27 Април, 2024
0.0891

Средба Заев-Чавушоглу: Соработката меѓу Македонија и Турција да се продлабочи

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и пратеникот Мухамед Зекири, попладнево се сретна со Мевљут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Република Турција, придружуван од пратениците Хусејин Бурге и Шабан Дишли, како и од амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара.

На средбата е изразена заедничка определеност за продлабочување на традиционалните пријателски односи помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Турскиот министер Чавушоглу во име на премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, му честиташе на премиерот Заев за стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија и најави целосна поддршка на работата на Владата. Исто така, министер Чавушоглу изрази уверување дека новата реформска Влада го отвора патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и пренесе поддршка на Македонија од Турција за членството во НАТО, но и за евроаспирациите на земјава.

„Владата на Македонија е силно посветена на реформите важни за евро-атланстките интеграции на државата, но тие истовремено ќе придонесат и за развој на економијата и правната држава, како и за квалитетен живот на сите граѓани“, рече премиерот Заев.

Тој посочи дека Владата работи на создавање поволна деловна клима, за да овозможи функционирање на домашните претпријатија, но и странски инвестиции, со што Владата планира да создаде услови за нови работни места, повисоки плати и достоинствен животен стандард за граѓаните.

Во таа насока, министер Чавушоглу соопшти дека постои интерес кај турски инвеститори за вложувања во Македонија, посебно по реформите што ги презема Владата за политичка и економска стабилизација.

На средбата на премиерот Заев со турскиот министер Чавушоглу изразен е заеднички интерес за соработка како на полето на економијата, инвестициите, трговијата, така и во образованието, културата, спортот и во сите други области значајни за граѓаните на двете земји.

На состанокот се поздравени инклузивните политики на Владата за градење на Република Македонија како едно општество за сите граѓани, независно од етничката и политичката припадност, со што Македонија станува пример за соживот во регионални рамки и пошироко во Европа и светот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“