ССМ избра нов претседател
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2017
в.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски на денешното продолжение на Вонредниот конгрес е избран за нов претседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Тој е избран по пат на јавно гласање со мнозинство гласови.
„Во оваа прилика немам што да изјавам освен дека изгуби Сојузот на синдикати на Македонија и работници“- изјави Грујовски.
Претходно дел од синдикатите ја напуштија седницата, а кандидатот за претседател Пецо Грујовски од УПОЗ изјави дека се работи за најконтроверзниот конгрес.