01 Мај, 2024
0.3317

СТАНДАРД И ПУРС НИ ГО ПОТВРДИ РЕЈТИНГОТ - помогнале стабилните јавни финансии и европерспективите

Објавено во: Финансии 05 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Кредитната рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед, соопшти Министерството за финансии.

Потврдата на рејтингот го рефлектира ставот на „Standard & Poor’s“ дека, и покрај острата економска контракција во 2020 година, Северна Македонија има фискален простор да управува со јавните финансии. Ова се должи на поволните очекувања за раст на економијата на долг рок, стабилизирање на долгот на умерено ниво и пристап на државата до финансиските пазари.

Како резултат на директните и индиректните ефекти, од агенцијата очекуваат годинава контракција на македонската економија за 6 отсто, по што во 2021 година ќе следи заздравување од 3,5 проценти. Нивната оценка е дека светската економија годинава ќе има контракција од 3,8 отсто, а еврозоната од 7,8 проценти, каде што се лоцирани најголем дел од трговските партери на земјата.

Проекциите на кредитната рејтинг агенција се дека до крајот на годината државниот долг ќе изнесува 51 отсто од БДП. Финансирањето на потребите, односно на проширениот дефицит како резултат на пандемијата и на обврските кои достасуваат, се обезбедени преку успешна емисија на еврообврзницата во износ од 700 милиони евра и  заемите од ММФ од 176 милиони евра и од Европска комисија од 160 милиони евра. Со овие задолжувања државата има целосно обезбедено финансиски ресурси за 2020 година, при што агенцијата нотира дека ќе останат финансиски средства што ќе се префрлат за следната година.

Во извештајот се нотира и дека земјава добила зелено светло за почеток на преговори за членство во Европската унија и дека ова може да придонесе за интензивирање на спроведувањето на структурните реформи, а со тоа и развој на земјата. Исто така, генерално забележуваат подобрувања во политичката стабилност во земјава во последниве години.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?