06 Мај, 2024
0.0242

В година ќе позајмиме 1,2 милијарди евра, стари долгови ќе „изедат“ 500 милиони евра

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Речиси 1,9 милијарди евра им должи во моментов државата на купувачите на државните хартии од вредност. Претежно се тоа банките кои купувајќи државни обврзници ги финансираат буџетските потреби. Така ќе биде и до крајот на годинава, до кога за минусот во буџетот ќе се користи задолжување дома, а тоа нема да престане ниту следната година. Нараснуваат обврските по основ на стари долгови, има потреби и за тековни финансирања. Фактор анализира колку пари должиме колку ќе треба да вратиме догодина и колку нови ќе позајмиме.

Во буџетот за догодина проектиран е буџетски дефицит од 567 милиони евра или 4,9 отсто од БДП. За враќање по однос на позајмени пари надвор мора да се обезбедат 37,2 милијарди денари (604 милиони евра), додека на домашните банки и други клиенти дома кои купувале државни обврзници Владата мора да им врати 6,1 милијарди денари ( над 100 милиони евра) или заедно над 700 милиони евра.

За сите тие Владата планира повторно да позајми дома 23 милијарди денари (374 милиони евра). Владата преферира да се задолжува на ваков начин поради ниските камати. 

„Со задолжување на домашниот пазар ќе се обезбеди финансирање под поволни услови, користејќи ги поволните каматни стапки. Со цел оптимизација на исплатите, намалување на ризикот за рефинансирање, како и искористување на ниските каматни стапки, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде оптимизација на портфолиото и зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност, велат од Министерството за финансии.

Сепак ќе мора да се позајмуваат пари и надвор – тоа најверојатно ќе биде задолжување со еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Според проекциите во буџетот, државата ќе позајми догодина 53,5 милијарди денари (870 милиони евра). Заедно со тие на домашниот пазар вкупните задолжувања в година надминуваат 1,2 милијарди евра.

Ако се вкрстат позајмувањата и враќањето на долговите впрочем нето странското задолжување в година ќе биде 15,808 млијарди денари или 257 милиони евра, но вкупното нето задолжување со тоа дома ќе биде над 500 милиони евра.

Како што веќе објавивме јавниот долг на крајот на септември изнесува 6.571,5 милиони евра, односно 60,7 проценти од БДП.

Од финансии велат дека во наредниот среднорочен период, фискалната политика ќе биде насочена кон консолидација на јавните расходи, поттикнување на економската активност преку капиталните расходи и инфраструктурните инвестициите, подобрување на условите за водење бизнис и отворање на нови работни места. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години