СТАТИСТИКА: Кој ги зема највисоките плати во земјава?
Објавено во: Економија 21 Април, 2020
Плата од 64.535 денари нето во февруари годинава земале вработените во секторот компјутерско програмирање.
48.247 денари изнесувала платата на вработените во секторот информации и комуникации.
44.922 денари нето плата примале во финансиско - услужни дејности.
46.452 денари биле платите на вработените во Производство на основни
фармацевтски производи и
фармацевтски препарати.
70.869 денари нето плата добивале вработените во останати стручни, научни и
технички дејности.
27.206 денари била просечната плата во февруари годинава во земјава, објави Државниот завод за статистика.