12 Мај, 2024
0.0305

Статистика веќе нема да ги мери цените на земјоделските производи на пазарите

Објавено во: Агробизнис 15 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Државниот завод за статистика (ДЗС) веќе нема да објавува податоци за цените на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазари. „Ве информираме дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој, редовно ги следи и објавува цените на земјоделските производи во рамките на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС)“, стои во соопштението од ДЗС. Соопштението за декември 2013 е последно за овие податоци кое го објавува Заводот за статистика. Во него е пресметано дека црвените домати и зелените пиперки во декември 2013 година на зелените пазари забележале најголемо поскапување, а намалување на цените имало кај краставиците и лимоните. На пазарите на голема, пак, најголемо зголемување во декември 2013, во споредба со декември 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и лукот. Најголемо намалување се забележува кај лупените ореви и бананите.