Стевананџија го рецитираше „Тешкото“ во Собранието
Објавено во: Македонија 15 Август, 2017
Пратеникот Димитар Стевананџија, денеска на седница во Собранието осврнувајќи се на промената на директорската позиција во „Танец“ ја рецитираше „Тешкото“ од Блаже Конески, песна која им ја посвети на културните работници во Македонија.
„Овие стихови им ги посветувам на сите културни работници да си ги искинат дипломите и да ги фрлат пред Министерството за култура затоа што од денеска директор на „Танец“ е човек со средно градежно образование. Денеска дискутираме за Зврлевски за да се прекрие средбата на Заев со Динко Велев – бугарскиот ловец на мигранти“ - вели Стевананџија.
Пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ раскажа виц со кој сакаше да потенцира дека власта ги распродавала националните за своите лични интереси. Тој застана во одбрана на јавниот обвинител.
„Има богато работно искуство со кое придонесува и може уште да придонесе за спроведување на реформските процеси во Обвинителството. Обвинувањата за непостапување се паушални и политички мотивирани“- изјави Иванов.
Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница порача дека за попрофесионален јавен обвинител од Зврлевски не знае.
Со денови се дискутира за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, но поради бројните реплики и контрареплики, уште не е стигнато до гласање.