06 Мај, 2024
0.0233

СТИГНАА ПАРИТЕ ЗА „БУСТИРАЊЕ“ НА РАЗВОЈНАТА БАНКА - државата ги исплати 10-те милиони евра, фирмите ги сакаат поволните кредити

Објавено во: Финансии 13 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

На Развојната банка и легнаа на сметката 10 милиони евра, пари кои се наменети за докапитализација, а што всушност треба да ја зголеми уште повеќе моќта на банката да кредитира компании во земјава со поволни каматни стпки.

Како што може да се види од платформата Отворени финансии, точно на средината на минатиот месец, односно на 15 ноември, на контото на Развојната банка легнале 620 милиони денари, што е всушност рамно на 10 милиони евра, пари кои се наменети за докапитализацијата.

Како давател на средствата е регистрирано Министерството за финансии, но од одделот Функции на државата, од каде што всушност се задоволуваат сите потреби кои се предвидени со буџетот за нормално функционирање на општеството. Оттаму всушност и биле префрлени парите, односно 620 милиони денари на Развојната банка, со која раководи директорот Кире Наумов.

А, како што веќе пишуваше Фактор непосредно пред тој датум, или поточно на 10 ноември, одлуката за докапитализација на Развојната банка помина и на Надзорниот одбор на банката.

Инаку, одлуката за докапитализација на Развојната банка ја донела Владата на една од своите седници, и ја објавила во Службен весник.

Фактор се интересираше зошто се прави докапитализација на Развојната банка, која е со државен капитал и која е клучна во делењето на поволни кредити за фирмите, а кои главно се обезбедуваат преку донации или повластени кредитни линии доделени за земјава од меѓународни банки и финансиски институции.

Владини упатени извори тогаш објаснија дека на овој начин се сака да се зголеми дополнително капацитетот на банката. Имено, минатата година се изврши докапитализација на банката за три милиони евра, а сега се зголемува за дополнителни 10 милиони.

„Всушност, капацитетот на банката се зголемува во последниве три години, така што нејзината актива порасна на 260 милиони евра“, објасни изворот на Фактор.

Потребата да се докапитализира банката се јавува од причина што расте капацитетот на банката, а се разговара и со други потенцијални кредитори од надвор со цел во земјава да дојдат нови кредитни линии, преку кои потоа би се делеле поволни кредити. Фактот што банката сака да го зголеми кредитирањето и што тоа не би се вклопило во одредени законски лимити на централната банка кои се однесуваат на изложеност, всушност ја наметнува и потребата од докапитализација, со што всушност би се запазиле лимитите од НБМ, објаснуваат нашите извори. Со тоа ќе се зголеми и капацитетот за кредитирање на банката.

Како што е познато, Развојната банка одигра значајна улога за време на ковид кризата во земјава, кога голем број компании кои се соочија со финансиски тешкотии, добија заеми или со бескаматни, или со екстремно поволни каматни стапки, со кои ги премостија ликвидносните проблеми во кои западнаа.

Инаку, според сознанијата, дел од овие 10 милиони евра ќе се искористат да се збогати сегашната кредитна линија која се пласира преку Развојната банка, а со која, како што објаснуваат нашите соговорници, се финансира енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Според изворите, тие кредити поминуваат одлично, и за нив има голема побарувачка и искористеност.

Можно е овие кредитни линии да се повторат, со оглед на големиот интерес, при што сегашните каматни стапки е тешко да се случат со оглед на општото поскапување на кредитите поради високата инфлација, но во секој случај ќе бидат поповолни од оние што ги даваат комерцијалните банки.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст