19 Мај, 2024
0.0282

ДОКАПИТАЛИЗАЦИЈА ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА СО БУЏЕТСКИ ПАРИ - Развојната банка расте, за фирмите ќе има поволни кредити

Објавено во: Финансии 11 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Се зголемува капиталот на Развојната банка и тоа за 10 милиони евра. Оваа одлука ја донела Владата на една од своите последни седници и ја објавила во Службен весник. Според сознанијата на Фактор, одлуката за докапитализација на банката за 10 милиони евра, вчера требаше да помине и на Надзорниот одбор на Развојната банка.

„Сo оваа одлука се врши зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Северна Македонија за износ од 620.000.000 денари. Зголемувањето на почетниот капитал се врши од средствата обезбедени од Буџетот на земјава за 2022 година, односно од Министерство за финансии и тоа програма П-Мерки за справување со ковид кризата и други антикризни мерки, и потпрограма П1-Мерки за справување со ковид кризата и други антикризни мерки, вложувања и нефинансиски средства. Средствата ќе се уплатат на сметка на Развојната банка во рок од 15 дена“, се вели во објавата во Служен весник.

Во неа се наведува и дека зголемувањето на почетниот капитал на Развојната банка ќе се изврши со издавање на 199.485 обични акции.

Фактор се интересираше зошто се прави докапитализација на Развојната банка, која е со државен капитал и која е клучна во делењето на поволни кредити за фирмите, а кои главно се обезбедуваат преку донации или повластени кредитни линии доделени за земјава од меѓународни банки и финансиски институции.

Владини упатени извори објаснуваат дека са овој начин се сака да се зголеми дополнително капацитетот на банката. Имено, минатата година се изврши докапитализација на банката за три милиони евра, а сега се зголемува капиталот за дополнителни 10 милиони.

„Всушност, капацитетот на банката се зголемува во последниве три години, така што нејзината актива порасна на 260 милиони евра“, објаснува изворот на Фактор.

Потребата да се докапитализира банката се јавува од причина што расте капацитетот на банката, а се разговара и со други потенцијални кредитори од надвор со цел во земјава да дојдат нови кредитни линии, преку кои потоа би се делеле поволни кредити. Фактот што банката сака да го зголеми кредитирањето и што тоа не би се вклопило во одредени законски лимити на централната банка кои се однесуваат на изложеност, всушност ја наметнува и потребата од докапитализација на банката, со што всушност би се запазиле лимитите од НБМ, објаснуваат нашите извори. Со тоа ќе се зголеми и капацитетот за кредитирање на банката.

За да се изврши докапитализацијата, тоа треба да го потврди и Собранието на акционери на Развојна, потоа да се издадат акциите, и да се впише дополнителниот капитал во Централниот регистар.

Како што е познато, Развојната банка одигра значајна улога за време на ковид кризата во земјава, кога голем број компании кои се соочија со финансиски тешкотии, добија заеми или со бескаматни, или со екстремно поволни каматни стапки, со кои ги премостија ликвидносните проблеми во кои западнаа.

Инаку, според сознанијата, дел од овие 10 милиони евра ќе се искористат да се збогати сегашната кредитна линија која се пласира преку Развојната банка, а со која, како што објаснуваат нашите соговорници, се финансира енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Според изворите, тие кредити поминуваат одлично, и за нив има голема побарувачка и искористеност.

Како што стои на веб страната на Развојната банка, станува збор за Кредитна линија за микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци и занаетчии.

Износот на средствата за оваа кредитна линија е 10 милиони евра. Притоа, намената на кредитната линија за енергетската ефикасност е со максимална вредност на проектот од 30.750.000 денари, со рок на отплата до 8 години и со вклучен грејс период до 12 месеци, а заемите за обновливи извори на енергија имаат максимална вредност на проектот од 200.000 денари со рок на отплата до 12 години и со вклучен грејс период до 24 месеци.

И во двата случаи Развојната банка ќе кредитира до 60 отсто од износот на проектот, додека останатите минимум 40 отсто ќе се кредитираат од останати извори, како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот, за градежни работи, опрема, обртни средства, готовина и слично. На овие кредити каматна стапка за крајните корисници е 1,6 отсто годишно.

Кредитирањето оди преку девет банки учеснички и тоа Шпаркасе, Стопанска Банка Битола, Стопанска Банка Скопје, Уни Банка, Халк, Силк Роад, ТТК, НЛБ Банка и ПроКредит Банка.

Можно е овие кредитни линии да се повторат, со оглед на големиот интерес, при што сегашните каматни стапки е тешко да се случат со оглед на општото поскапување на кредитите поради високата инфлација, но во секој случај ќе бидат поповолни од оние што ги даваат комерцијалните банки.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат