Столтенберг вели дека во НАТО функционираат со консензус
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Владата на новинарско прашање зошто НАТО ја игнорира Хашката пресуда, рече дека е тоа е правна пресуда, а тие функционираат на принцип на консензус.
Тој повтори дека нема алтернатива и дека влез во НАТО е можен само со решавање на спорот со Грција.
Рече дека е многу важно да се направат реформи, да има владеење на правото, слобода на медиумите, добар меѓуетнички соживот.