05 Мај, 2024
0.0244

Стопанската комора бара даночни олеснувања и укинување на непотребните трошоци за компаниите

Објавено во: Економија 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанската комора денеска побара даночни олеснувања и укинување на непотребните трошоци за компаниите.

Секое намалување на цените, на увозните и на извозните давачки, е плус за нив и за нивните партнери. Велат дека треба да им се помогне да ја издржат кризата преку поедноставување или укинување на административни пречки и преку рационализирање на трговските процедури. Ова го порачаа денеска од граничниот премин Табановце – Прешево.

Царинската управа, најави реконструкција на граничните премини Деве Баир, Ќафасан и Делчево, нивно проширување со дополнителни ленти за проток на стоки, како и продолжување на реформите во делот на давачките и процедурите.

„Никој не можеше да претпостави колку ќе трае корона кризата и како да се димензионираат мерките. Не знаеме ниту како ќе се одвиваат понатаму состојбите. Има претпоставки дека до пролет или до лето се ќе заврши, но компаниите секојдневно се соочуваат со предизвици – дали можат да ги задржат вработените и како да функционираат, со колкав капацитет. Поголемите можеби ја преживеаа кризата, но дел од помалите не. Затоа, се бараат средства и механизми по секоја основа за опстанок. Она што во моментов е битно, е како да ја олесниме нивната работа и да ја зголемиме конкурентноста“, рече в.д. извршната директорка, Билјана Пеева Ѓуриќ.

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, вели дека многу скоро се очекува проширување на т.н. зелени коридори.

„На последниот Комитет на ЦЕФТА беше заклучено дека зелените коридори треба да продолжат да функционираат и да се прошират на граничните премини со ЕУ. Се интензивираат состаноците меѓу ЦЕФТА секретаријатот и царинските администрации. Очекуваме многу брзо проширување на зелените коридори, но за нас е клучно да ги реконструираме Деве Баир, Ќафасан и Делчево, да ги прошириме со дополнителни ленти за проток на стоки“, изјави Танасоски.

Комората апелира дека за раздвижување на надворешно-трговската размена е неопходно намалување на царините за медицинските материјали, како и за прехранбените производи што се дефицитарни на домашниот пазар и што не можат да се обезбедат од домашните производители. Во услови на криза како оваа што ја наметна ковид-19, тешко е да се одржува и синџирот на снабдување, не само на основните продукти, туку и на енергијата. Затоа, врвен приоритет е одржувањето непрекината врска на транспортните коридори, но не само со регионот, туку и со државите-членки на ЕУ со кои ние и другите земји од Западен Балкан годишно реализираме повеќе од 70 отсто од размената.

Пеева Ѓуриќ на прес-конференцијата ја истакна и потребата од даночни олеснувања, како и од измена на Законот за царинска тарифа со цел нејзино подобро усогласување со потребите на бизнис-секторот, во насока на создавање предуслови за подолгорочно одржлива конкурентност и за привлекување нови, странски директни инвестиции.

„Да им се помогне на извозно-ориентираните компании да ги одржат капацитетите и вработените во одреден временски период, особено да се обезбеди помош за компаниите кои не се дел од големи странски групации и кои мора со многу ограничени ресурси да се борат сами на странските пазари. ликвидносна поддршка, грантови или бескаматни заеми би можеле да бидат некои од мерките за дел од компаниите кои времено може да останат или се останати без обновени договори за работа, како и вклучување на овие компании во јавните набавки и/или во новоотворените проекти од страна на државата, во рамки на реализацијата на планираните капитални инвестиции“, рече Ѓуриќ.

Неопходно е, дополни Пеева Ѓуриќ, и да се воведе механизам за поттикнување нето-извозот и на додадената вредност.

Во однос на трговскaта размена, истакна дека во првите 11 месеци годинава вкупниот увоз е помал за седум отсто од истиот период лани, а намалувањето на извзоот е за 11 проценти.

„Споредено со лошата економска состојба во светот, ова се солидни резултати за кои се вложени исклучителни напори и од страна на Царината и од страна на државата воопшто“, додаде Танасоски.

Тој вети дека сите препораки од стопанството за царинското работење ќе бидат разгледани, а реформите ќе продолжат.

Можеби ќе ве интересира

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите