28 Април, 2024
0.0845

Стопирана продажбата на винарската визба „Винеа“ по барање на лозарите

Објавено во: Агробизнис 23 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

По барање на лозарите стопирана е продажбата на винарската визба „Винеа” од селото Паликура, општина Росоман, соопшти денеска Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот сојуз на лозари, „Агротиквешија” од Кавадарци.

- Продажбата на винаријата беше закажана за во текот на вчерашниот ден во простории на извршител во Кавадарци. Продажбата беше по барање на реномирана македонска банка која исто како и нас побарува пари од винарницата. Одложувањето пак на продавањето на капацитетот е на наше барање. Кога дознавме за оваа вест како лозари поради стравот дека со продажбата нема да си ги наплатиме нашите побарувања, побаравме помош од надлежните државни органи. Тие ние излегоа во пресрет и засега е стопирана продажбата на винарската визба, објасни Аризанов.

Тој информира дека винаријата до пред некое време им должела на лозарите околу 610 илјади евра, а сега има долг кон нив од околу 420 илјади евра затоа што во изминатиот период дел од обврските ги исплатила.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?