10 Мај, 2024
0.0302

Странците ќе учат за мекедонските вина од винскиот водич

Објавено во: Агробизнис 16 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Луксузно издание посветено на македонските вина и винарии промовираше ресорното министерство за земјоделство шумарство и водостопанство. Книгата насловена како „Вина од Македонија - краток водич за македонските вина и винарии“ е напишана на аглиски јазик и е наменета за странските трговци и компании кои се потенцијални купувачи на македонското вино. Во книгата има осум клучни поглавја посветени на историјата на виното, традицијата и обичаите, винската култура и производството, како и врстите грозје кои успеваат на територијата на Македонија во 16-те виногорја. Во книгата е сместен и регистар на 83 винарии во земјава. - Книгата е документ во кој е запишана историјата на македонското вино, карактеристичните сорти вино, винските региони и регистарот на винарски подруми, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Тој напомена дека идејата за книгата е постара и оти на неа се работело една година. Издавач е „Трето уво“, а отпечатени се 1.500 примероци кои ќе се користат за промоција на македонските вина на меѓународни саеми, а ќе им бидат поделени и на економските промотори.