15 Мај, 2024
0.0402

Стратешките инвеститори ќе ја чекаат новата влада, убедени се дека законите ќе им поминат

Објавено во: Економија 01 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Законите за четирите стратешки инвестиции ќе го чекаат новиот парламентарен состав, односно формирањето на новата влада по изборите, откако ниту на последната пленарна седница во Собранието не беа изгласани, иако на дневен ред беше предвидено да се донесат по брза постапка.

Последната пленарна седница се одржа во четвртокот, на која беа изгласани неколку други предлог-закони и други одлуки, но не дојде до гласање  законите за инвестициските проекти „Митилинеос“, „Соларен парк Стипион“, „Аим грин тек“ и соларна електрична централа – Пехчево. 

Владата претходно еднаш ги повлече, а потоа ги врати во собраниска процедура „за да се отстранат недоразбирањата“. Претходно, пред да бидат повлечени, предлагач беше министерот за економија Крешник Бектеши од ДУИ, а потоа повторно се најдоа во собраниска процедура, но како предлози на СДСМ.

- Излезе така како што излезе, но ние знаеме дека веднаш откако ќе се формира новата влада, озаконувањето на овие инвестиции ќе се разгледа уште на првите владини седници. Има опција тие да продолжат во редовна собраниска процедура со новиот парламентарен состав, доколку остане да владее актуелната елита, а доколку опозицијата формира влада, знаеме дека и кај нив има позитивно расположение. Тогаш би се вратиле повторно во владина процедура законите, ќе бидат прифатени нивните условно опозициски амандмани, каде што нема нешто спектакуларно. Има разлики единствено такви од типот - домашни компании да ги градат овие енергетски постројки, но и тоа е во ред, бидејќи и нам тоа ни одговара, ни рече претставникот на еден од стратешките инвеститори со кој стапивме во контакт.

Тој додава дека инвеститорите очекуваат и надминување на меѓукоалициските недоразбирања во актуелната владеачка гарнитура, доколку таа ја задржи власта и по парламентарните избори на 8 мај.

Во јавноста најголемо внимание привлече законот за когенеративната постојка која според договорот треба да ја гради грчката компанија Митилинеос кај скопска Железара. Дел од експертите изминатиов период реагираа дека со реализацијата на овој проект државата ќе претрпи огромни финансиски штети, а грчкиот инвеститор од друга страна ќе има голема добивка и ќе се богати. За репреговарање на некои од деловите од договорите со еден од стратешките инвестиции беше министерот за економија Бектеши, кој е од редовите на ДУИ.

Вкупната предвидена вредност на четирите стратешки инвестиции е 786 милиони евра и ќе треба да обезбедат енергетска независност за земјата со тоа што електричната енергија ќе им ја купува ЕСМ. Во Собранието се предлог-законите за реализација на стратешките проекти: „Соларна електрична централа – Пехчево“, на стратешкиот инвеститор, ХЕК „Солар“ МК ДОО Негрево, Пехчево, вреден околу 51,9 милиони евра, стратешкиот инвестициски проект „Соларен парк Стипион“, на „Остро солар“ ДООЕЛ Скопје за изградба на фотоволтаична централа од 400 мегавати, вредна 270 милиони евра, инвестицискиот проект „Митилинеос“ за когенеративна постројка Скопје и стратешкиот инвестициски проект АИМ „Греен ТЕЦХ“, на стратешкиот инвеститор, АИМ „Греен ТЕЦХ“ ДООЕЛ Скопје, со кој ќе се комбинираат соларна енергија, мотори на гас и можност за батерии за баланс во мрежата

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ