27 Април, 2024
0.0399

Струмица од денеска се гасифицира!

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Струмица денеска  и официјално го најавува стартот на користењето на природен гас. Каректеристично е што се работи за 100% македонски проект, во кој се вклучени македонски компании и домашни експерти, инжинери, работници кои го реализираа целиот овој проект. Вкупната вредност на проектот изнесува 2,2 милиони евра, се работи за сопствени средства. Како ќе стигнува гасот во Струмица? Природниот гас во Струмица ќе се транспортира со автоцистерни, засега од Бугарија. Крајната дестинација е терминалот во Стумица, од каде преку дистрибутивна гасна мрежа, досега изградени 13км и 820м, тие се практично прстен околу Струмица и засега се наменети за јавните општински институции. (школи, градинки и сл). Во моментот во тек е изградба на нови 7км на дистрибутивна гасна мрежа која треба да овозможи  снабдување на домаќинства и комерцијални објекти. Првата куќа според најавите која ќе ги почуствува благодетите на природниот гас се очекува да биде приклучена кон крајот на ноември или почетокот на декември. Инаку, веќе од 26 октомври природен гас користат 14 јавни институции, интерес покажуваат и институциите кои се под целосна државна сопственост. Со 20 илјади денари ќе се поминува цела зима Според информациите на Фактор, цената на природниот гас кој ќе се користи во Струмица, ќе ја утвдува Регулаторната комисија за енергетика. Инвестицијата да имаш гас во својот дом би изнесувала околу 500 евра, потоа колку кубици ќе потрошиш толку ќе си платиш. Во секој случај, ќе биде поефтина од струјата. Според, неформалните, првични пресметки за да се користи максимално природен гас, станбен објект од околу 60-тина квадрати ќе потроши околу 20 илјади денари цела зима. (155 дена) С.Ј.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“