19 Мај, 2024
0.0281

Судот пресуди! Кој ги „тркала“ малите акционери, Кутревски со алал да ги троши 1,2 милиони евра менаџерска награда

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Трочлениот женски судски совет на Основниот граѓански суд Скопје 1 , да се изразиме со речникот на бившиот реис за ИВЗ, „го прогласи за мртво“ тужбата на малцинските акционери во „Пекабеско“ со која се обидоа да ја поништат одлуката со која акционерот Слободан Кутревски на директорот Слободан Кутревски лани во јуни му даде награда за успешно менаџиерање од 1,2 милиони евра. Без да навлегува во материјално разгледување на одлуката женскиот судски совет утврдил дека акционерот – тужител нема правен интерес и заради тоа неговата тужба се отфрла... Трите судики го задолжиле акционерот – тужител да си плати судски такси и давачки од 450 евра, а Слободан Кутревски – менаџерот со алал да си ги троши парите!

Постои веројатност дека и ова судско решение е едно во низата и ќе влезе во случаите кои ќе ги мониторираат телата на Европската комисија кога ќе утврдуваат дали има напредок во „јакнење на капацитети на македонските судови“. Ова судско решение на тројката судики: Мирјана Николовска – Калчиноска, Ивана Миленкоска и Лилјана Хаџипулевска е преседан во современата македонска корпоративна историја во која мал акционер се дрзна да си ги бара правата наспроти ултра доминантниот акционер во „Пекабеско“ кој сам на себе си додели менаџерска награда од 1,2 милиони евра од добивката на друштвото и со тоа фактички им го скрати правото на дивиденда на сите други малцински акционер во компанијата.

Судиките нашле дека малцинскиот акционер немал правен интерес во овој случај туку тоа било економски интерес. Со прости зборови судиките небаре се наставнички по мајчин јазик кои прегледуваат писмена задача утврдиле дека „тужителот ја промашил темата“ и заради тоа неговата тужба се отфрла како неоснована со решение. Имало економски интерес, но тоа не е предмет на тужбата.... А тие не навлегуваат мериторно и ја отфрлаат тужбата.

Тоа што Кутревски акционерот на Кутревски менаџерот му дава менаџерска награда од 1,2 милиони евра и тоа од добивката на друштвото за нив не е загрозување на правата на другите акционери. За овие три судики не значи ништо ниту тоа што на потегот на Кутревски кој како акционер не се изземал од гласањето на менаџерската награда реагираше јавно и транспарентно и Комисијата за хартии од вредност како регулаторно тело за пазарот на хартии од вредност. Судиките не го гледаат ниту тоа што Кутревски и „Пекабеско“ во ниту еден момент не одговорите на барањата на акционерите и да им го покажат менаџерскиот договор на директорот во кој е регулирано дека на овој начин може да добие дивиденда во износ од 1,2 милиони евра која ќе ја наплати од добивката.

Свесни или не за последиците од ова решение судиките направија преседан на кој во иднина ќе можат во правни постапки да се повикаат и други мнозински или доминантни акционери кои нема да сакаат од добивките на друштвата да делат дивиденда на сите малцински акционери.

Повеќе на темава https://faktor.mk/spie-li-mirno-slobodan-kutrevski

Линк од фамозното Решение на судското трио (ПДФ)

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници