03 Мај, 2024
0.0273

Судовите и корумпираните функционери ја турнаа Македонија дури осум места во економските слободи

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Македонија падна за осум места на 41-та позиција на глобалниот индекс за економска слобода во 2020 година подготвена од Фондацијата Херитиџ, најмногу заради падот на оценката за судска ефективност, соопшти американскиот тинк-тенк.

Резултатот за економска слобода во Македонија падна за 1,6 поени, односно на 69,5, се вели во извештајот на Фондацијата Херитиџ по објавувањето на Индексот за економска слобода во 2020 година. Земјата е рангирана на 23-то место меѓу 45 земји во Европа, бидејќи нејзината вкупна оценка е приближно еднаква на регионалниот просек и далеку над светскиот просек.

Македонија сега е во редовите на „умерено слободни“ економии, откако беше во категоријата „претежно слободни“ веќе три години со прилично добар рејтинг околу 30-тата позиција, што претставуваше чест „особено за актуелната власт“.

И покрај некои подобрувања во катастарскиот систем, земјата забележа пад кај нејзините права на сопственост, правосудна ефикасност и владин интегритет во графиконот за 2020 година.

„Ограничената судска независност, политизација на судската власт и несоодветното финансирање на судството се постојани проблеми. Корупцијата останува сериозен проблем, а владините службеници, наводно, извршуваат коруптивни акти со неказнивост“, велат од таму.

Во однос на трошењето на владата, земјата многу се потпира на јавните расходи за финансирање на јавни инфраструктурни проекти и поддршка на социјалните програми. Покрај тоа, потребно е посилно спроведување на антикорупциските акти за да се поттикнат странските директни инвестиции во индустриите ориентирани кон извоз.

Процедурата за дозволи за градба стана поевтина со намалувањето на таксите за развој на земјишниот недвижен имот, но слабостите на пазарот на трудот предизвикани од недостиг на вештини и несоодветни вештини влијаат негативно на економијата.

Бирократијата продолжува да го одвраќа динамичниот раст на новите инвестиции и покрај реформите во режимот на инвестиции. Финансискиот сектор е зајакнат во последниве години, а вклученоста на владата е сконцентрирана пред се на донесување на прудентни и ефикасни регулативи, истакна Фондацијата Херитиџ.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски