СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува
Објавено во: Економија 07 Мај, 2024
Поради сушата во Виетнам, цената на кафето ќе расте.
Цената на кафето Робуста го достигна највисокото ниво во последните 45 години, покажуваат податоците на Меѓународната организација за кафе. Мерачот на организацијата на големопродажните цени се зголеми за 17 отсто во април на највисоко ниво од 1979-та година, објави „Bloomberg“.
Виетнам, најголемиот производител на Робуста продолжува да се соочува со тешкотии во снабдувањето поради лошата жетва минатата и оваа сезона, објави Меѓународната организација за кафе.
Пред неколку години, мразот во Бразил го намали приносот на кафе. Инаку, и цената на какаото расте поради климатските промени кои ја зафатија Африка.