СВЕЧЉА: Oколу 400 српски екстремисти само чекаат наредба од Вучиќ за напади на Косово
Објавено во: Балкан 03 Април, 2024
Koсовските власти велат дека им се спрема српско сценарио, но и дека тие се подготвени.
Тврдат дека екстремисти ќе го нападнат Косово. Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља, изјави дека 400 српски екстремисти само чекаат наредба од српскиот претседател Александар Вучиќ за почеток на агресивни напади на Косово.
Тој во интервју за телевизијата Њус24 Албанија, рече дека „околу 400 српски екстремисти“ се обучуваат во близина на административната линија со Косово. Лани во Бањска на Косово, српска вооружена група уби косовски полицаец, а потоа во престрелката загинаа и четири членови на групата. За овој напад, Приштина го обвини Белград. Но, српскиот претседател Александар Вучиќ постојано повторува дека Србија ќе го чува мирот.