01 Мај, 2024
0.0262

Светска банка: Македонија со пад на БДП до 3,2 проценти, најмалку во регионот

Објавено во: Економија 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Македонија ќе влезе во рецесија годинава, а БДП ќе оди во мину од 1,4 до - 3,2 проценти предвидува Светска банка најновиот Редовен економски извештај (РЕИ). Во извештајот има се дава основно сценарио и неповолно сценарио во однос на високата несигурност што ја носи пандемијата. 

Рецесијата во Македонија, како и во сите земји на Западен Балкан ќе биде предизвикана од значителниот пад како на домашната, така и на надворешната побарувачка во текот на пандемијата. Преработувачката индустрија, заедно со туризмот, трговијата и недвижностите се најлошо погодени, а економијата се соочува со намалување во вториот квартал од дури 11,5 проценти. Освен тоа, и ограничувањето на патувањата и мерките за социјално дистанцирање имаат негативно влијание врз услугите кои сочинуваат околу 50 проценти од вкупната вработеност во земјата. Се предвидува и намалување на дознаките од странство, бидејќи работниците во дијаспората ги губат своите работни места во земјите каде што работат или имаат пониски приходи.

Според извештајот, брзи, смели и внимателно обмислени мерки за ублажување можат да ги ограничат социјалните и економските влијанија на кризата, но тие треба да ги земат предвид условите во земјата и несигурноста околу должината на траењето на кризата. Северна Македонија веќе издвои околу 2 проценти од вкупниот БДП за поддршка на домаќинствата и бизнисите во, но може да биде потребно повеќе, доколку пандемијата и понатаму ја забавува економската активност во земјата и регионот. Плановите за членство во НАТО и почнувањето на преговорите за пристапување во ЕУ, објавено на 25 март, би требало да ги поттикнат како реформите така и довербата на инвеститорите, трасирајќи го патот за побрзо економско закрепнување откако ќе заврши кризата.

Објавените краткорочни мерки се неопходни и усогласени со одговорите на политиките во земјите на ЕУ. Меѓутоа, повеќе луѓе во Западен Балкан зависат од самовработување, работа на определено време и од приходи од неформални активности. Овие групи се ранливи од кризата, но тешко е да се поддржат преку конвенционалните мерки. До средината на 2020 година, Северна Македонија треба да остане фокусирана на справување со пандемијата обезбедувајќи медицински материјали и кадри, воведувајќи мерки за ограничување за да се забави ширењето на вирусот и да се намали оптоварувањето на здравствениот систем. Истовремено, земјата треба да се стреми кон фискална стабилност, да обезбеди пристап до финансии и да ги заштити луѓето и бизнисите.

Според извештајот, дополнителна поддршка – добро прилагодена на локалниот контекст – може да биде потребна за да се поддржат ранливите групи во земјата. Имајќи ја предвид несигурноста околу траењето на кризата, креаторите на политиките во Северна Македонија и насекаде се соочуваат со дилема: искористувањето на целокупниот расположлив фискален простор за ублажување на директните влијанија може да биде многу неефикасно ако кризата потрае. Поради тоа, политиките треба да се калибрираат за да се ублажат директните влијанија, да се изврши прилагодување на новата реалност што може да се појави и да се остави простор економијата да се подготви за закрепнување.

Регионот на Западен Балкан се очекува да влезе во рецесија во 2020 година, при што се предвидува сите шест држави дека ќе имаат негативен раст, бидејќи тие продолжуваат да се справуваат со економските влијанија на КОВИД -19 пандемијата (коронавирус). Регионалниот раст во регионот на Западен Балкан се предвидува да биде меѓу -3 и -5,6 проценти. 

„Интензитетот на рецесијата зависи од траењето на пандемијата во Европа. Иако е тешко да се предвиди економското влијание на тековната пандемија во регионот, нема дилема дека оваа пандемија предизвикува штети врз животот во регионот, главно погодувајќи го здравствените системи, парализирајќи ја економската активност и подривајќи ја добросостојбата на луѓето“, вели Линда Ван Гелдер, директорка за Западен Балкан во Светска банка.

„На среден рок, во регионот, се очекува забрзување на растот со постепеното враќање на економската активност во нормала, но тоа зависи и од должината и од интензитетот на тековната криза, како и од тоа какви чекори ќе преземат креаторите на политиките за справување со оваа пандемија“.

Image


Главниот ризик за сите земји во Западен Балкан е дека продолжената пандемија како и подлабоката рецесија во Европската Унија би можеле да предизвикаат тешко контролирање на оваа економска криза.


Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција