03 Мај, 2024
0.0271

СВЕТСКА БАНКА ОДЛУЧИ: 140 милиони евра за земјава - за фирмите и за здравството

Објавено во: Финансии 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Поддршката од Светска банка за земјава за справување со последиците од КОВИД-19 кризата, ќе изнесува околу 140 милиони евра. Дел од средствата ќе се наменат за нов проект – Проект за брзо дејствување против КОВИД-19 во износ од околу 90 милиони евра, а останатите 50 милиони евра за мерката за „финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен“ за работодавачи и самостојни вршители на дејност. Ова, како што соопштија од Министерството за финансии, било дискутирано во рамки на виртуелните Пролетни средби на ММФ и Светска банка, на состанокот на потпретседателот за Европа и Централна Азија на Светска банка Сирил Милер со вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерката за економија Мила Царовска, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Нина Ангеловска.

На состанокот учествувала и наследничката на Милер, Ана Бјерд, која од 1 мај ќе ја преземе неговата функција, по завршување на неговиот мандат. 

Во дискусијата детално биле презентирани ефектите од глобалната коронакриза врз мкедонската економија, а биле разгледани и економските мерки за справување со шокот од пандемијата. Од Светска банка позитивно ги оценуваат мерките кои во рамки на своите надлежности ги преземаат Владата и Народната банка, и за нив се смета дека се навремени и таргетирани.

„Акцент беше ставен и на стабилноста на финансискиот систем, при што и овојпат беше нагласено дека мора и натаму таа да биде приоритет. Во тој контекст, одделно се разговараше за активностите и мерките на Народната банка што се однесуваат на стабилноста на банкарскиот систем, која е клучна за одржување и јакнење на севкупната финансиска стабилност. Досега преземените мерки се сметаат за дополнителна гаранција дека стабилноста ќе биде одржана, а особено важно е и што системот има капацитет да се справи со шокот, што се должи и на прудентната регулатива, во голема мера усогласена и со европските регулативи“, се вели во соопштението од Финансии. 

Соодветниот одговор на носителите на политиките во однос на предизвиците кои ги задава корона-кризата се значаен сигнал за поддршката којашто Светската банка ја дава за Северна Македонија. Со 50 милиони евра од Светска банка, ќе се поддржи мерката со која ќе се даде финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плати во април и во мај. Аплицирањето за оваа мерка започнува од почетокот на мај. Освен финансиски, Светска банка учествуваше и советодавно во мерката, а препораките кои се базираа на технички анализи, искуства од претходни големи кризи, но и мислења собрани преку консултации со приватниот сектор, вклучително и во Северна Македонија, беа вклучени во главната рамка усвоена од страна на Владата. 

Новиот проект за брзо дејствување против последиците од КОВИД-19 кризата, во износ од 90 милиони евра се состои од две компоненти. Првата компонента за итен одговор, се однесува на зајакнување на здравствените капацитети со обезбедување на зголемување на капцитети за тестирање, техничка експертиза, лабораториска опрема, заштитна опрема, медицински помошни материјали и опрема, реновирање на здравствени установи, развој на системи за да се обезбеди навремено откривање на случаи и следење на контакт, во согласност со упатствата на Светската здравствена организација, како и финансирање на придонесот за здравствено осигурување за ранливи корисници. Втората компонента за поддршка на домаќинствата  се однесува на обезбедување на поддршка за трансфери за ранливи домаќинства погодени од последиците од КОВИД-19 и паричен надомест за оние кои ги изгубиле работните места како резултат на кризата.   

На средбата биле разгледани и проекциите од последниот Регионален економски извештај на Светска банка, согласно кој се предвидува забавување на економиите на Западен Балкан меѓу -3 и -5,6 отсто. Според Светска банка, Северна Македонија ќе има најмало забавување на економијата помеѓу -1,4% и -3,2 проценти.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата