Тантуровски по силниот притисок си поднесе оставка
Објавено во: Македонија 06 Март, 2018
Државната комисија за спречување на корупција остана без првиот антикорупционер кој по силниот притиск на медиумите, како и по повиците на власта, конечно реши да си поднесе оставка.
Според информации кои се потврдени за ТВ 24, Претседателот на Антикорупциска, Игор Тантуровски си поднесе оставка.
Тантуровски утрово ја достави оставката до Собранието. Првата оставка вчера ја поднесе членот на Комисијата Горан Миленков.
Оставките следуваат неколку дена по скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во комисијата која покажува дека дел од членовите фалширале патни налози за да земат повисоки суми за патни трошоци и ненаменски трошеле буџетски средства.