03 Мај, 2024
0.0278

ТЕ-ТО останува најголем даночен должник: Кој лани избрза со државната помош и одложувањето на долгот?

Објавено во: Економија 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Како после една година се сфати дека нема правна основа за да се додели државната помош за Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО? Откако Владатa соопшти дека еднострано ќе го раскине договорот за помошта, Фактор побара информации за тоа зошто се случува ова, кој бил проблемот и како тоа станало јасно после толку време. Од Владата велат дека помошта била дадена, но не се реализирала затоа што постоела неусогласеност на Законот за данок на добивка и Законот за контрола на државна помош. Сепак други детали не се откриваат. Владата одлучи да и додели државна помош на ТЕ-ТО во ноември 2019 година. Тогаш беше обајвено дека државната помош е во форма на одложување на даночниот долг на компанијата во рок од 9 години. Единственото образложение зошто се прави тоа беше дека ТЕ-ТО е единствен објект кој произведува електрична енергија од природен гас, не влијае на загадувањето, придонесува за поголем БДП на државата како и за подобрување на енергетската сигурност.

„Оваа помош е доделена согласно Законот за контрола на државна помош, а попретходно добиено решение од Комисија за заштита на конкуренцијата за дозволеност и основаност на државна помош. Помошта беше дадена, но не се реализира зашто се констатира оти постои неусоглеснот на Законот за данок на добивка и Законот за контрола на државна помош. За да биде појасно, државата не даваше парична помош туку сакаше да им овозможи одложено плаќање на даночна обврска во период од 9 години, во висина од околу 1,5 милиони евра. Обврската произлезе откако компанијата прикажа добивка за 2018, која е фиктивна на основ на отпишани побарувања кон доверители врз основа на планот за реорганизација во стечајна постапка донесен од Основен суд Скопје 2, стои во одговорот од Владата сега.

Потоа усно за Фактор објаснија дека тие 1,5 милиони евра се акамти ама не објаснија зошто ги потенцираат сега. Во време на одлуката за помошта ТЕ-ТО должеше данок на добивка во вкупна вредност од 16 милиони евра. Тогаш од компанијата изјавија дека по 9 години целосно ќе го платат данокот. Моментно, според последната листа на должници која ја објавува Управата за јавни приходи ТЕ-ТО по основа на данок на добивка должи над 13 милиони евра. Оваа компанија е прва на листата должници.

Инаку во Извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за минатата година кој веќе е испратен во Собранието државната помош за ТЕ-ТО е евидентирана. Фактор веќе пишуваше дека во овој извештај стои дека когенеративната централа ТЕ-ТО Скопје лани добила државна помош од Владата во висина од 15.645.000 евра за одложено плаќање на данок. 

Даночната обврска на ТЕ-ТО чие плаќање беше одложено беше по основ на данок на добивка, обврска која де факто не постоеше, односно не е реализирана во компанијата, туку е настаната фиктивно по основ на отпишани обврски врз основа на Планот за реорганизација, одобрен и усвоен со судска одлука од 2018 година. Лани од Владата велеа дека имајќи го предвид фактот дека во моментов ТЕ-ТО АД Скопје има финансиски потешкотии, практично не е во можност да го плати таквиот данок на добивка, која добивка реално и не постои, евентуалното пристапување кон присилна наплата на тој данок на добивка, не само што ќе ја оневозможи реорганизацијата на компанијата, туку сосема извесно е дека ќе доведе до отворање на стечајна постапка над истата и пропаѓање на Планот за реорганизација, потег што предизвика многу нејаснотии и реакции, особено што тогаш компанијата беш и под истрага за лажен стечај.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен