Телефонски разговор меѓу Ципрас -Меркел на ден пред средбата Заев-Меркел
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2018
Ден пред средбата Заев-Меркел, германската канцеларка телефонски разговараше со грчкиот премиер Ципрас околу проблемот со името, при што Ципрас истакнал дека е потребно конечно решавање проследено со промени во Уставот.
Поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани го критикуваше Ципрас.
„Многу е навредливо и за мене лично, но и за партијата што ја застапувам, да дознавам од Заев за преговорите околу името. Ние сакаме решение кое би го прифатила меѓународната заедница. Тоа е целта, бидејќи во овој момент меѓународната заедница ја нарекува Македонија. Ние сакаме решение што ќе ја обврзе меѓународната заедница да ја промени одлуката за билатерално признавања и да ги нарекуваат со името кое нема да биде иредентистичко или со претензии кон нашата историја“, рече Бакојани.