26 Април, 2024
0.0286

Телевизорите Samsung QLED се првите CalMAN ready телевизори во светот кои овозможуваат автокалибрација за HDR квалитет на слика

QLED TV екраните го поддржуваат софтверот“CalMAN“ со “AutoCal“ опција и го намалуваат времето на автокалибрација на неколку минути со само неколку едноставни кликови

Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Самсунг Електроникс(Samsung ElectronicsCo., Ltd.) денес ја соопшти веста за достапноста на новиот автоматски калибриран софтвер – “CalMAN” со “AutoCal” опција на компанијата “Portrait Displays” за Samsung QLED 2017 телевизорите. Овој софтвер е користен од страна на професионални видео калибратори во екранската индустрија и поголемиот дел од крајните корисници во индустријата поврзана со продукција, пост-продукција и емитување на содржини.

Калибрација е процес на постепено прилагодување на бојата на ТВ екранот. Овој процес е од посебна важност за дизајнерите, фотографите и видео професионалците чија цел е да постигнат совпаѓање на боите меѓу влезните уреди, како монитори, и излезните уреди, како печатачи. Калибрацијата им овозможува на корисниците опција за оптимизација на нивното посакувано доживување при гледањето, базирано на средината во која ги гледаат содржините.

Во соработка со “Portrait Displays”, светскиот водечки провајдер за софтвер за калибрација на видео екрани, Samsung QLED телевизорите се првите телевизори во светот кој подржуваат автокалибрација за HDR квалитет на сликата. Во минатото, автокалибрацијата беше достапна само за стандардниот (SDR) квалитет на слика.

Возбудени сме што преку нашето партнерство со“Portrait Displays”го внесуваме софтверот“CalMAN”со“AutoCal”опција во домовите на луѓето.QLEDтелевизорите наSamsungсе првите ТВ производни линии во светот кои ја инкорпорираат супериорната калибрација на“CalMAN”и им овозможуваат на нашите потрошувачи да имаат на располагање алатки за премиум искуство при гледањето” - изјавиХС Ким(HS Kim),Претседател наДивизија за Визуелни Екрани во Самсунг Електроникс.

Традиционално, процесот на калибрација може да трае со часови, а корисниците мора рачно да прилагодат својот ТВ уред преку далечинскиот управувач користејќи го екранското мени. Овој процес беше измачувачки и понекогаш несоодветен метод на калибрација. Денес, QLED ТВ екраните со софтверот “CalMAN” со “AutoCal” опцијаавтоматски ги прилагодуваат стотиците поставки во времетраење од неколку минути со само неколку едноставни кликови.

За користење на софтверот“CalMAN” со “AutoCal” опцијана QLED ТВ екраните, корисниците едноставно треба да го набават “AutoCal” калибрацискиот сет и да го инсталираат софтверот на нивните компјутери. По инсталацијата на софтверот, корисниците може да ги поврзат своите компјутери со своите QLED ТВ екрани за започнување на процесот на автокалибрација. Со овој чекор QLED ТВ екраните ќе ги споделат своите мени поставки за прилагодување со софтверот, со што тој ќе може автоматски да го прилагоди квалитетот на сликата на телевизорот на корисничките преференци.

По работењето со експертите воSamsungвозбудени сме што официјално нашиот софтвер“CalMAN”со“AutoCal”опцијае достапен на2017 Samsung QLEDТВ екрани. Развиен специјално за широка палета на средини на гледање, заедно соSamsung, поставивме визија дека софтверот“CalMAN”со“AutoCal”опцијатаќе отвори нови хоризонти за квалитетот на сликата на ТВ екраните.” – изјавиМартин Фишмен(Martin Fishman),Извршен Директор на компанијата“Portrait Displays”.

Корисниците на Samsung QLED ТВ екраните исто така можат да го измерат и волуменот на бојата на своите телевизори користејќи го софтверот“CalMAN” со “AutoCal” опција. Волуменот на бојата е најновиот стандард на квалитетот на сликата кој изразува како екраните ја прикажуваат бојата прецизно, без разлика на нивото на осветленост. Samsung QLED телевизорите се првите и единствените во светот кои можат да прикажат 100% волумен на бојата.

За повеќе детали за Samsung QLED TV серијата, посетете ја страницата:http://www.samsung.com.

За дополнителни информации за софтверот “CalMAN” со “AutoCal” опција, посетете ја страницата:http://calman.spectracal.com/autocal.html

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет