26 Април, 2024
0.0438

Телма го осуди повикот на војна на актерот Владо Јовановски

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Фејсбук статусот на актерот Владо Јовановски во кој повика на граѓанска војна наводно против предавството на Зоран Заев полн со омраза наиде на жестоки осуди од многу страни, вклучувајќи ја и ТВ Телма каде се емитува серијата „Преспав“ во која тој глуми.

Телевизија Телма го осудува повикот на војна на актерот Владо Јовановски. Оваа осуда е уште поголема што во моментов медиумот емитува телевизиски проект во кој настапува Јовановски, серијата „Преспав“ што е една од најуспешните телевизиски серии во последниве години.

Надворешниот продуцент на серијата, која Телма само ја емитува, кога го работеше кастингот немаше ни на крај памет, дека еден од актерите ќе дава изјави кои ќе предизвикаат вакви бурни реакции во јавноста. Меѓутоа, тоа што еден од глумците отако е снимена првата сезона на серијата дал ваква недолична изјава, не значи дека серијата која инаку е помогната од Европската комисија треба да се забрани, или да и биде намалена вредноста. Ниту пак е спорен фактот дека Владо Јовановски е одличен глумец и дека делата во кои учествувал, како филмовите „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Балканкан“ на Дарко Митревски или „Тајната книга“ на Владо Цветановски се неизбришлив дел од македонското културно богатство.

Но, тоа што е исто така факт е дека Јовановски поради своите неодмерени и радикални изјави би можел да се соочи со последици во своите идни ангажмани.

Телевизија Телма силно ги осудува радикалните повици на Јовановски, а ќе ги осуди и кога би дошле од која било друга јавна личност, се вели во редакцискиот став.

Провладините медиуми пак, застанаа во одбрана на Јовановски и сметаат дека сите критики се од страна на платениците на Сорос.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“