02 Мај, 2024
0.0337

Тесла инвестирала 1,5 милијарди во биткоин: Можно ли е наскоро и возилата да се продаваат во криптовалутата?

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Тесла објави дека инвестирала 1,5 милијарди долари во крипто валутата биткоин. Компанијата која произведува електрични автомобили утрово го достави својот годишен извештај со што практично стана јасно дека инвестирала во биткоин. Во извештајот стои дека Тесла „ќе започне да прифаќа биткоин како форма на плаќање за нивните производи во блиска иднина“.

Клиентите на Тесла неодамна го повикуваа основачот и извршен директор Елон Маск да прифати биткоин за купување возила. Маск беше гласен за поддршката на крипто валутата на Твитер, дури неодамна додаде и хаштаг биткоин на неговиот профил. Маск, исто така, го поддржуваше Dogecoin на Твитер во текот на изминатата недела.

„Во јануари 2021 година, ја ажуриравме нашата политика за инвестиции за да ни овозможи поголема флексибилност за понатамошно диверзифицирање и максимизирање на приносот од нашата готовина, што не е потребно за одржување на соодветна ликвидност на работењето. Како дел од политиката, може да инвестираме дел од таквите пари во одредени специфицирани средства. После тоа, според оваа политика инвестиравме вкупно 1,5 милијарди долари во биткоин. Покрај тоа, очекуваме да започнеме да прифаќаме биткоин како форма на плаќање за нашите производи во блиска иднина, предмет на важечките закони и првично на ограничена основа, стои во извештајот.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда