26 Април, 2024
0.0289

Тетекс Тетово со пад на приходите од продажба за 11% во 2012 година

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Текстилниот комбинат Тетекс од Тетово 2012 година ја заврши со пад на приходите од продажба за 11% и намалена добивка. Според неревидираниот финансиски извештај на компанијата објавен на Македонската берза, Тетекс 2012 година ја заврши со вкупни приходи од 230 милиони денари или 3,7 милиони евра што е намалување за 11%, споредено со 2011 година. При тоа раст бележат приходите од продажба на домашен пазар кои учествуваат со 51% од вкупните приходи на компанијата , додека продажбите на странски пазар се намалени. Заклучно со крајот на годината, добивката изнесува 3.099.000 денари, што е за 16% помала споредено со добивката од  3.599.000 денари во 2011 година, покажува финансискиот извештај на текстилниот комбинат. Од компанијата велат дека  во постоечките услови на работење комбинатот, перманентно ги испитува трошоците на работење и настојува да го подобри  квалитетот на продукцијата како би ги задоволил очекувањата на  купувачите, акционерите, вработените и добавувачите. Тетекс Тетово е ориентирана најмногу кон производство на машки и женски конфекциски производи  од различни типови на ткаенини. Компанијата е  извозно ориентирана  и главни извозни пазари се во Европа (Германија, Италија, Велика Британија, Франција, Данска, Грција, Австрија, Словенија, Хрватска, Бугарија) и Америка. Покрај основната дејност групацијата Тетекс АД Тетово има вложувања и во други дејности и тоа: банкарство (најголем поединеччен акционер на ТТК банка АД Скопје), електро-машински услуги и инженеринг, трговија со нафтени деривати  

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет