ТОА Е НАША ВИНА, ОСТАВЕТЕ ГО ЧОВЕКОТ НА МИР - Брнабиќ енергично го брани Ѓоковиќ
Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2020
Српската премиерка Ана Брнабиќ застана на страна на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, па дури и реши да преземе дел од вината.
Ана Брнабиќ истакна дека го поддржува Новак Ѓоковиќ, кога станува збор за нападите што ги доживува поради организацијата на „Адрија Тур“, серија турнири што требаше да се играат низ целиот Балкан и дека таа ја презема вината:
„Сакам да му дадам целосна поддршка, секоја му чест. Тој сакаше да направи нешто добро за сите нас, не само во Србија, туку и во регионот. Тој сакаше да помогне, да собере пари и секоја му чест за тоа. Кога би можеле да ја префрлат таа вина врз мене и да го остават на мира, јас тоа би го сакала најмногу на светот. Еве, наше е, ние ги олабавивме мерките, тој ги слушаше препораките и еве, виновна сум. Оставете го човекот сам, тоа е моја одговорност, еве. Тоа е хумана намера за мене, секоја му чест и му ја давам целата моја поддршка“, рече Брнабиќ.