03 Мај, 2024
0.0251

Топ 10 најевтини туристички дестинации во Европа

Објавено во: Свет, Стил 11 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Одморот не секогаш треба да го оптоварува семејниот буџет. Има убави места кои вреди да се посетат и кои не бараат премногу средства. Новото истражување, цитирано од The ​​Daily Telegraph, утврди кои се десетте најдобри евтини туристички дестинации во Европа.

Резултатите се направени по оценка на 12 најчесто користени услуги како транспорт, храна, посети на атракции, ресторани, ноќевања во хотели и др. За целта на истражувањето се споредени 28 од најпознатите европски дестинации за туристите.

Број 10 во рангирањето е Стразбур, Франција.

На деветтото место е Краков, Полска. Транспортот од аеродромот до центарот на градот чини само 1,49 фунти, помалку од било која друга дестинација во Европа.

Едно скалило повисоко во рангирањето е рангиран Лисабон, Португалија. Тоа е најевтината дестинација за љубителите на пивото - 330 мл пиво чини само 0,97 фунти.

На седмото место е Прага, Чешка со трошоци во висина од 141,24 фунти. Една вечера во Прага излегува многу поевтино отколку каде било на друго место на Стариот континент.

Шестата позиција во рангирањето му припаѓа на Дубровник, Хрватска.  Турнеја со туристички автобус во морското одморалиште чини само 6,06 фунти.

На петтото место е рангирана Атина. Грчката престолнина е најевтина дестинација во Еврозоната.

Талин пак го зазема четвртото место. Карта за користење на градски транспорт за 48 часа чини само 3,74 фунти, што е најевтина цена во споредба со сите градови кои учествувале во студијата.

Трето место на листата е за Рига, Латвија.  Градот им обезбедува на туристите најевтини цени за ноќевање во хотел - две ноќи во три хотел ќе ви чинат само 36 фунти.

Второто место го зазема Будимпешта, Унгарија. Тука треба да се упатите ако сакате да пиете вино - 175 мл чинат само 0,92 фунти.

Најповолна дестинација за туризам во Европа е Вилнус, Литванија (на насловната слика).

Можеби ќе ве интересира

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите