07 Мај, 2024
0.0243

Топлотниот бран им отвори дополнителна работа на земјоделците

Објавено во: Македонија, Агробизнис 15 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Високите температури кои деновиве се искачија и до 40 степени во делови од Македонија, им создадоа дополнителна работа на земјоделците кои сега мораат многу почесто да ги наводнуваат нивите. 

Единствевно овошките можат да издржат подолго без вода, затоа што црпат влага од долните слоеви на почвата, но сите други култури се засегнати од сушата. Агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР ги советува земјоделците да ги наводнуваат нивите во раните утрински часови или попладне со цел да има максимална искористеноста на водата.

„Ако се наводнува напладне може да има спротивен ефект затоа што во тој период од денот почвата е топла. Агрометеоролошката прогноза е неповолна. На сите раноградинарски култури им треба наводнување за да се спасат на овие високи температури. 70 отсто од културите имаат корен во површинскиот слој од почвата каде нема влага. Оние локални дождови кои неодамна паднаа беа добредојдени, а такви ќе имаме и за време на викендот. Тие беа проследени со невреме, но добро е што немаше град. Инаку просечните температури за овој месец се 36, 37 степени, но можеме да кажеме дека имаме тропски ноќи, затоа што и ноќе температурата не паѓа под 20 степени“, рече Ангелески.

Бончо Божиков од струмичкото Дабиле вели дека од 520 куќи колку што има селото, скоро секое домаќинство се занимава со земјоделство. Во овие топли денови, земјоделците имаат полни раце работа, но и трошоци за купување на гориво. 

„Се наводнува на секои два дена. Повеќето земјоделци имаат засадено капија, и за неа се потребни поголеми количини вода. Од 6 наутро па до 10 часот може да се наводни површина од еден декар на отворено, но зависи кој колкава површина има засадено“, рече Божиков.

До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Температурите од петок ќе се намалат.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта