16 Јануари, 2018
0.5356
    KMB 3051.4    0.8%     MPT 29201    -2.65%     OKTA 3105    -2.26%     RMDEN16 94.1    0.48%     RZUS 103    0%     STB 930    0%     TNB 13200    0%

Традицијата за Бадник продолжува и годинава и покрај студеното време

Објавено во: Мои пари 04 Јануари, 2017

Во петок, 6-ти Јануари 2017 година на платото пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски ќе се одвиваат завршните активности во рамките на годинашниве Бадникарски свечености.

Новиот Кум Радко Манов ќе го прими преодниот ќуп од рацете на Поглаварот на Македонската православна црква Г.Г. Стефан и заедно со минатогодишниот Кум Илија Малинковски ќе заминат со пајтон, препознатливото превозно средство за Скопје, поздравени од сограѓаните кои со симпатии и одобрување ќе ја проследат и оваа 25-та  прослава на Бадник во Скопје.

Традиционално средбата ќе започне со химната исполнета од Силви Бенд и осветувањето на бадниковите гранчиња, нафората и топлата ракија и чајот, по што делегација на Одборот за прослава заедно со Кумот за Бадник 2017 ќе замине за Злокуќани во домот за стари лица за да им ја пренесе атмосферата на сограѓаните со осветеното Бадниково гранче  и да им однесе пригодни подароци за Бадник.

Врвот на прославата се обраќањето на Поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан, здравицата на Љубиша Николиќ, кусото обраќање на скопскиот градоначалник Коце Трајановски и на годинешниот Кум Радко Манов, кршењето на погачата со паричка и примопредавањето на преодниот пехар.

Членовите на Здружението Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје се подготвени, како и години наназад, во целост да придонесат за продолжување на традицијата на пладневно дружење пред Бадник во пресрет на најсветлиот христијански празник Божик и ги канат скопјани на платото пред Соборниот Храм за да ја почувствуваат позитивната енергија и покрај студеното време. 

Можеби ќе ве интересира

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

Кој ќе биде најдобриот Менаџер за човечки ресурси во Македонија?

Кој ќе биде најдобриот Менаџер за човечки ресурси во Македонија?

Дане Тодоровски: Најголем предизвик за 2018 е отворање на Сара Фешн во регионот

Дане Тодоровски: Најголем предизвик за 2018 е отворање на Сара Фешн во регионот

(ВИДЕО) Како е да се биде репортер во „Фчерашни новости“?

(ВИДЕО) Како е да се биде репортер во „Фчерашни новости“?

Отворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје

Отворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје

„Фчерашни новости“ конечно си посветуваат епизода за нив и насушната новинарска работа

„Фчерашни новости“ конечно си посветуваат епизода за нив и насушната новинарска работа

ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”

ЕВН Македонија донираше возило за здружението „Мобилност Тетово и Гостивар”

РЕХАУ-партнер на македонската ракометна репрезентација

РЕХАУ-партнер на македонската ракометна репрезентација

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА: „АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА НАД 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА: „АЛКАЛОИД“ ПУШТИ ВО УПОТРЕБА НОВИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ