12 Мај, 2024
0.0245

„Традиционална македонска храна“ ќе може да се продава директно

Објавено во: Агробизнис 06 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Млеко, јајца, сирење и мед - ова се традиционалните македонски производи, кои ќе можат да се купат директно од фармите или домовите, доколку производителот се регистрира во Агенцијата за храна. Новиот правилник за производство на традиционална храна предвидува процес на регистрација и прилагодување на условите за производство за да се гарантира квалитет и безбедност, но нема да го усложни или да го поскапи производството, тврдат од Агенцијата. Производите од овие производители ќе можат да се продаваат и во продавници со специјално означени места за „традиционална храна“. За да се регистрира производител на традиционална храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, тој не смее да произведува повеќе од 30 литри млеко дневно, 50 јајца дневно или 1.000 килограми мед во сезона. Од неодамна, согласно закон, и сите производители и увозници на „здрава храна“ мора да добијат потврда од Агенцијата дека нивните тврдења за односот меѓу прехранбениот производ и здравјето на луѓето се точни. Вкупно 320 барања за одобрувања на вакви тврдења стигнале досега до Агенцијата за храна и ветеринарство. Од нив одобрени се 64, 3 се одбиени, а 253 се уште се во постапка. Повеќето поднесени барања содржат неколку различни тврдења за ефектот што го има еден производ врз здравјето на луѓето. Процесот на одобрување на здравствените тврдења оди преку комисија која што се состои од претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, Медицинскиот факултет и Факултетот за фармација.