ТРАГЕДИЈА: На групна крштевка крокодил уби свештеник
Објавено во: Свет 07 Јуни, 2018
Крокодил нападнал и уби свештеник при групно крштевање во езеро во јужниот дел на Етиопија, додека ја изведувал церемонијата во градот Арба Минч.
Крокодилот излегол од водата и почнал да го гризе свештеникот, кој подоцна починал поради тешките повреди на грбот, рацете и нозете. Дел од присутните успеале да го спречат крокодилот да го повлече свештеникот со себе.
Сведок раскажал дека несреќата се случила откако свештеникот успеал да ја крсти првата личност, но пред да успее да стигне до втората.