01 Мај, 2024
1.7755

Трамп ја одложи средбата со данската премиерка: Која е причината

Објавено во: Свет 21 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја одложува средбата со данската  премиерка Мете Фредериксен, затоа што не е заинтересирана за неговиот предлог  за купување на Гренланд. 

На Твитер, Трамп ја нарече Данска „многу посебна земја со неверојатни луѓе“ и рече дека ќе ја одложи средбата со Фредериксен, средба која требаше да се случи по две недели (на 2 септември), за друг пат затоа што таа нема интерес да се разговара за купувањето на Гренланд.

Трамп го потврди својот интерес за стекнување на Гренланд во неделата, по што Фредериксен рече дека тоа е „апсурдна дискусија“ и „шега“. 

WSJ потврди дека Трамп повеќе пати прашувал советници дали Вашингтон би можел да го купи Гренланд, повикувајќи се на „луѓе запознаени со дискусијата“. Весникот објави дека американскиот претседател „слушал со зголемен интерес кога разговарал за изобилството ресурси на Гренланд и геополитичко значење“. 

Според WSJ, две лица исто така му рекле на Трамп да побара од адвокатите на Белата куќа да ја разгледаат логистиката за стекнување на островот. 

Сепак, дури и Министерството за надворешни работи на Гренланд јасно стави до знаење дека не прифаќа понуди за продажба на Гренланд. Гренланд е автономен регион во рамките на Кралството Данска. Од 1979 година, Данска е одговорна за надворешни работи, воени и уставни работи на Гренланд, додека Гренланд ги реши своите внатрешни работи.


Можеби ќе ве интересира

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург