Трамп: Кастро беше брутален диктатор
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2016
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го нарече лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро „брутален диктатор, кој го потиснувал својот народ шест децении“, пренесоа светските медиуми.
„Додека Куба продолжува да биде тоталитарен остров, се надевам од денес ќе почне да се забележува оддалечување од хоророт кој го трпат премногу долго, и да се тргнува кон иднина во која прекрасните кубански луѓе конечно ќе живеат во слобода, која така ја заслужуваат“, соопштува Трамп во соопштението.
„Нашата администрација ќе направи се што може за кубанскиот народ да може да го започне своето патување кон просперитет и слобода“, додаде Трамп.
Претходно Трамп реагираше остро на веста за смртта на Кастро. Новоизбраниот американски претседател напиша на својот профил на „Твитер“ кратко и јасно: „Фидел Кастро е мртов!“, без да додава ништо повеќе.