04 Мај, 2024
0.0869

ТРАМП ЌЕ ОДИГРА ЗА ПУТИН: Црна Гора не може во НАТО?

Објавено во: Балкан 01 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Доаѓањето на администрацијата на Доналд Трамп на чело на САД би можело да влијае на изборот на процесот за пристапување на Црна Гора во НАТО, пренесуваат американски медиуми.

Како што се наведува, одговорен за тоа би можел да биде претседателот на Комитетот за надворешни работи Боб Коркер, на кој не му се допаѓа идејата за уште една балканска држава во пактот. Резолуцијата со која Вашингтон би се согласил со членство на некогашната југословенска држава во Алијансата треба да го потпиша Комитетот, но не е извесно дали и кога тоа ќе се случи.

Можното пролонгирање на одлуката на САД ја објаснил членот на Комитетот од Дмократската партија Бенџамин Кардин, кој истакнува дека од републиканците ќе зависи конечниот одговор.

„Пристапувањето на Црна Гора во НАТО не треба да биде контроверзно. Имаме време тоа да го направиме, а ако тоа не го направиме, ќе одиграме потег за Владимир Путин. Путин направи се да ги поремети изборите во Црна Гора како би го запрел ширењето на НАТО“, навел Кардин.

Тој оваа изјава за „Рол Кол“ ја дал истиот ден кога Коркер ја посетил кулата на Трамп, седиштето на бизнисот на Трамп, новоизберениот американски претседател, кој како што наведува вашингтонскиот весник, изразил желба за поблиски односи со Русија.

Коркер, републиканец од Тенеси, бил еден од кандидатите за позицијата државен секретар во администрацијата на Трамп.

Сепак, републиканскиот сенатор Џон Мекејн рекол дека тој сака ратификацијата за пристапување на Црна Гора во НАТО да заврши оваа година.

„Немав шанса да разговарам со Коркер, но се надевам дека можеме да влијаеме што порано“, рекол Мекејн.

Демократскиот сенатор Крис Кунс рекол дека не ја знае причината поради која Коркер го одложува усвојувањето на протоколот кој претседтелот во заминување на САД Барак Обама му го доставил на Сенатот. Вашингтонскиот весник наведува дека од кабинетот на Коркер не добиле одоговор на прашањето поради што се одложува процесот.

Се наведува и дека извори од Демократската партија го означиле Коркер како личност која директно е одговорна за одложувањето, додавајќи дека еден од демократите рекол дека Коркер ја напуштил седницата на која би требало да се разгледа протоколот.

Овој весник наведува дека тимот на Трамп за транзиција на власта не одговорил дали идниот претседател на САД ќе го поддржи приемот на Црна Гора во НАТО пред тој да стапи на должност на 20 јануари, како и дека Белата куќа не одговорила дали дале согласност за одложување на ратификацијата на протоколот.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни