03 Мај, 2024
0.0329

Три лекции за успех од Ворен Бафет

Објавено во: Стил 06 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Писмото на Ворен Бафет до акционерите во неговиот фонд „Berkshire Hathaway“ секоја година на Генералното собрание на Фондот се претвора во настан. Бидејќи кажува многу значајни економски и инвестициони лекции.

И има зошто. Бафет е еден од најбогатите и највлијателните луѓе во светот, а неговите совети и мислење се слушаат многу од најголемите претприемачи. Неслучајно го нарекуваат „Оракл од Омаха“.

И оваа година писмото објавено минатата недела, покажува зошто Бафет е толку исклучително успешен не само како инвеститор, но и како бизнис лидер.

Три совети за лидерството стојат во неговиот говор:

1. Лидерот е оптимист

Она што го прави Бафет се посилен со годините, е најмоќниот оптимистички став. Никој никогаш не одговорил на повикот на некој кој вели: „Нашата ситуација е безнадежна. Следи ме“. Ефикасните лидери сфатиле како да бидат оптимисти, кога се соочуваат со реалноста, без оглед на околностите. Оваа година Бафет пишува во писмото со говорите на кандидатите за претседатели на САД, кои не престануваат да зборуваат за проблемите на земјата. Како резултат на тоа негативно „чукање на тапан“, многу Американци веруваат дека нивните деца нема да живеат добро, како и тие самите. „Глупости, вели Бафет, бебињата родени во Америка денес се најсреќните во историјата“. И го наведува следново: Дури при плашлив раст под 2% на економијата во последните години, профитот ќе е значителен за следните генерации. Ако се задржи растот на населението на САД во последните години, тогаш реалниот БДП по глава на жител ќе се зголеми за 34,4% за 25 година. Ова е огромен раст и според Бафет децата на Америка ќе живиот многу подобро од родителите сега.

2. Лидерот објаснува што прави, така што секој да разбере

Довербата кон лидерот е важна, но сите ќе се чувствуваат поудобно ако знаат што прави тој и зошто. Дел од генијот на Бафет е неговата способност да ги објасни финансиските механизми на големите конгломерати на јазик кој луѓето ги користат. Оваа година тој посветува голем дел од писмото, за да објасни точно како секој еден од главните бизниси на „Berkshire“ работи и какви резултати постигнува.

3. Лидерот ги признава грешките и не обидува да ги „сокрие“

Едвај има друг претприемач од сличен ранг, кој секоја година отворено признава за грешките, како што тоа го прави Бафет. И оваа година во писмото тој ги споменува „сериозните грешки што ги направив во мојата работа на распределба на капиталот и при оценување на сигурноста или способноста на некои од назначените менаџери“. Бафет дури оди подалеку:„Јас ќе направам и уште грешки; може да сметате на тоа“.

Признавањето на грешките сепак е извор на дополнителна доверба кон него. А повеќето лидери не ја научиле оваа лекција.

За крај - главниот извршен директор на „American Express“ Кен Шено, на кого Бафет му се восхитува - сепак „Berkshire“ поседува речиси 16% од компанијата - го вели следново: Улогата на лидерот е да ја дефинира реалноста и да даде надеж “.

Едвај ќе најдете некој да го прави тоа подобро од Бафет.